Проф. д-р Маја Кузмановска, на 15 и 16 септември беше дел од Годишната меѓународна конференција за ревизија „Ехото на Одлуките“, која се одржа во Охрид во организација на Здружението на Внатрешни Ревизори на Северна Македонија и Институтот на овластени ревизори на РСМ.
Здружение на Внатрешни Ревизори на Северна Македонија – IIA North Macedonia
Во рамки на конференцијата, проф. д-р Кузмановска учествуваше на панел-дискусијата „Човечки капитал: Јазот помеѓу очекувањата и реалноста“, каде од перспективата на високото образование говореше за потребата од комбинирање на знаењето и вештините со кои дипломираат младите, очекувањата на бизнис-секторот, потребата од современи и флексибилни студиски програми и поврзувањето на образованието со реалните потреби на пазарот на труд.
Честитки за беспрекорната организација и за можноста да се отворат значајни прашања поврзани со развојот на човечкиот капитал.





