Коучинг- алатка на иднината

Коучинг- алатка на иднината

Концептот на коучингот во деловниот свет интензивно почнува да се применува во 20-тите години на минатиот век најпрво во САД и земјите од Западна Европа. Тој период менаџерите работеле во исклучително стресни околности, поради рецесијата при што се јавила потребата за алат кој ќе служи за развој на поединецот, подобрување на перформансите како и организациски развој. Се повеќе започнале да се реализираат тренинзи и обуки специфични за самата организација,па се добил и увид за индивидуалниот пристап кон личниот развој. Коучингот како термин во научната литература се појавува во 1937 година, но последниве 20 години неговата примена добива ново значење. Во податоците од научно истражувачки трудови повразани со ова научна дисциплина може да се заклучи дека коучингот има значајна улога во современиот менаџмент процес од тука и потребата за негово запознавање.

Зборот коучинг во деловниот свет значи подучување во смисла на поддршка. Коучот е лице кое дава поддршка, а клиентот е оној кој ја прима таа поддршка. Постојат голем број дефиниции за коучинг процесот и сите тие можат да се обединат во дефиницијата на Интернационалната коучинг федерација (ICF)  која го дефинира како партнерство со клиентот, во кој се поттикнува креативен процес на размислување и во кој се инспирира клиентот да го максимизира својот личен и професионален потенцијал. Во коучинг процесот, клиентот преку сет од прашања, методи, стратегии и техники на работа од страна на коучот, допира до своите “скриени” потенцијали и ресурси. Процесот вообичаено се работи еден на еден или тој е таканеречен индивидуален коучинг.Покрај него постои тимски и организациски коучинг.

Team coaching session

Коучот не дава совети, не пренесува сопствени знаења, не ги решава проблемите на клиентот и по тоа се разликува од консултанството, менторството, терапијата. Коучот е трениран да верува во тоа дека клиентот ги има своите одговори и треба да се најде начин да дојде до нив, верува дека има потенцијали да го постигне тоа што го сака и му помага на клиентот да доде до сопствените знаења и вештини за кои можеби не е свесен. Тој исто така му овозможува на клиентот да ги подобри своите перформанси во за него добро позната област. Коучот е одговорен за процесот, а клиентот за резултатот.  Коучинг процесот е крајно личен и едиснтвено е можен во средина која е сигурна и строго доверлива. Низ процесот може да се работи на следниве теми:  дефинирање на своите цели и можности, пронаоѓање на нови решенија и идеи, планирање на кариерата, увид во вредностите и уверувањата, стратегии на одлучување, стил на раководење, замена на ограничувачко однесување со ново и сл.

За некој да биде коуч мора да биде клиент. За да може да се занимавате со другите, најпрво треба да се позанимавате со себе и да работите на себе. Тој процес дефинитивно креира прогресивни промени, отвара нови видици за можностите,енергијата и фокусот, вештините и уживањето во сопствените резултати.

 

Автор: пред. м-р Билјана Галовска

Day
Hr
Min
Sec

Пријави се пред истекот на времето и очекувај ги натамошните инструкции на твојот емаил!

Еве, веднаш ќе се пријавам!
Не благодарам, не ми треба стипендија X