Уписите се во тек!

Време е за вистински избор. Направи го вистинскиот потег. ДДС програмите се креирани за реалниот свет — вештини што се бараат, искуство што се памети. Вклучи се таму каде што иднината веќе се гради.
Јакнење на академската соработка: Бизнис Академија Смилевски со предавања во Vukovar преку Erasmus+

Во рамките на програмата Erasmus+ беше реализирана еднонеделна посета на University of Applied Sciences Lavoslav Ružička in Vukovar, како дел од активностите за унапредување на академската соработка. Проф. д-р Гордана Тасевска и проф. д-р Лидија Стефановска реализираа предавања во делот на индивидуални мобилности за студентите на Велеучилиштето, а проф. д-р Маја Кузмановска одржа предавање во рамките на програмата BIP: Smart University, Smart Campus III. Оваа посета претставуваше одлична можност за размена на искуства, знаења и добри практики меѓу институциите, со цел понатамошно продлабочување на меѓународната соработка и развој на квалитетот во високото образование.
Од конференција до партнерство: БАС со активна улога на SKEI 2026 во Veleučilište Lavoslav Ružička, Vukovar

Во рамки на активностите поврзани со 11-тата Меѓународна научно-стручна студентска конференција SKEI 2026, која денес се одржува во Вуковар, се реализираше работна средба со претставници од институциите ко-организатори. На средбата учествуваа директорката на БАС, проф. д-р Гордана Тасевска, проф. д-р Лидија Стефановска и проф. д-р Маја Кузмановска. Конференцијата е во организација на University of Applied Sciences “Lavoslav Ružička”, Вуковар, Хрватска, а како ко-организатори се јавуваат: University of Vitez, Travnik (Босна и Херцеговина), University of Novo Mesto (Словенија), Modern Business School (Република Србија), FINRA University Tuzla (Босна и Херцеговина), Kaunas University of Applied Sciences (Литванија) и University of Applied Sciences “Baltazar Zaprešić” (Хрватска). На средбата се дискутираа клучни организациски и програмски аспекти, како и насоки за понатамошно унапредување на соработката меѓу БАС и партнерските институции.
ДЕВЕТТА МЕЃУНАРОДНА НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Повик за учество – БАС 2026 Бизнис академија Смилевски – БАС Ве поканува на9-та Меѓународна научна конференција„Академски и консултантски предизвици за обезбедување организациска виталност“ 4–5 јуни 2026, Битола Последен рок за апстракти: 20.04.2026 Бидете дел од академска и професионална размена на идеи, истражувања и современи пристапи во организациските науки. www.bas-konferencija.mk
Директорката на БАС, проф. д-р Гордана Тасевска, во утринско интервју на МРТ

Како генерација Z ја донесува одлуката за избор на високообразовна устанува? Колку родителите имаат влијание на таа одлука? Како Бизнис академија Смилевски БАС им помага во процесот на осознавање на нивните интереси и избирање на идна професија? Директорката на БАС, проф. д-р Гордана Тасевска, гостин во утринската програма на Македонска радио телевизија со Ване Марковски. Погледнете ја целата емисија на линкот
Горди на нашите студенти!

Денес, на едно место – директорката на БАС, Проф. д-р Гордана Тасевска, Проф. д-р Маја Кузмановска и координаторот за теренска студентска пракса, Спец. Божидар Николовски, и нашите студентки Зорица Николовска и Рашела Гинова кои веќе сигурно чекорат на патот на нивната успешна кариера. Бизнис академија Смилевски не е само место каде што се учи – туку место каде што се создаваат приказни, се градат кариери и се откриваат таленти. Кај нас, студентите не ја чекаат иднината – тие ја создаваат уште денес.
Избери БАС!

Избери модерна и современа студиска програма! Твојот избор денес е твојата кариера утре! Зошто да студираш Менаџмент на квалитет? Барана професија на пазарот на трудот Универзална примена Подготвеност за работа со меѓународни стандарди Поддршка за претприемништво Квалитетот започнува со тебе. Уписите се во тек!
Честит Велигден!

Нека Велигден донесе мир, љубов, здравје и радост во секој дом. Ви посакуваме празнични денови исполнети со среќа, надеж и благосостојба, поминати со најблиските.Среќен Велигден!
БАС им оддаде признание на најпосветените партнери и ментори

Со особена чест и задоволство ја изразуваме нашата искрена благодарност до сите партнерски организации со кои заедно градиме квалитетно и современо високо образование. Особено сме горди што денес им оддаваме признание на избраните најдобри партнерски организации и ментори, кои со својот ангажман и посветеност поставуваат високи стандарди и претставуваат вистинска инспирација. @vitanovaza @webiart.digital @marijakovaci @sarafashionofficial @predragstojkovski @nova_solutions Вашата посветеност, професионалност и поддршка се клучен дел од успехот на нашите студенти и нашата институција. Преку заедничката соработка, овозможуваме практично знаење, развој на вештини и реални искуства кои оставаат траен белег. Ви благодариме што сте дел од нашата приказна и што заедно создаваме подобра иднина!
Студенти на директорската листа на БАС

Упатуваме искрени честитки до студентите кои се најдоа на директорската листа за нивниот извонреден успех и особен придонес во активностите на Бизнис академија Смилевски – Викторија Србиновска Зорица Николовска Марија Ковачи Овие студенти се вистински пример за посветеност, труд и професионалност, и претставуваат инспирација за целата академска заедница. Нивниот успех е резултат на континуирана работа, амбиција и желба за напредок. Им посакуваме многу успех како на личен така и на професионален план!