Пракса- стекнување на вистински вештини и пат до побрзо вработување

Пракса, пракса и само пракса. Тоа се зборовите кои постојано ги повторуваме на нашите студенти во БАС.

Менаџментот е занает, а како и секој друг занает, може вистински да се научи само преку работа. Студиските програми по бизнис менаџмент и маркетинг менаџмент се конципирани секој студент да има 100 дена пракса за време на студиите.

Во прв семестар се лабораториски вежби каде студентите формираат виртуелни компании и работат на реални задачи (изработка на маркетинг стратегија, продажни презентации на производи/услуги, подготовка на тендер и сл.) водејќи сметка за профитабилноста на секој од предизвиците. Целиот процес е надгледуван од Координаторот за пракса кој во случајот има улога на фасилитатор на процесот и нема никакво директно влијание врз резултатите кои ќе ги остварат компаниите.

Во втор семестар, студентите заедно со Координаторот имаат групни посети на нашите партнерски организации каде се запознаваат со: визијата и мисијата на компанијата; организациската структура, производите/услугите, секојдневната работа на менаџерите и сл. Преку овие активности студентите првично се запознаваат со нашите партнерски организации и „пикираат“ во кои компании би сакале да ја реализираат праксата.

Во понатамошниот дел од студирањето (преостанатите 4 семестри и двете летни паузи) секој студент е на пракса во доделена партнерска организација каде е вклучен во работата на менаџерите преку: набљудување, помагање и самостојна работа. На овој начин ги подготвуваме студентите за она што ги чека по дипломирањето, а оние студенти кои се истакнуваат добиваат понуда за работа уште веднаш. За време на праксата, секој од студентите има назначен ментор кој ги задава задачите и го следи напредокот на студентот. Координаторот за пракса во БАС е во постојана комуникација и со студентот и со менторот, со цел да се осигура дека процесот тече како што треба.

Ние како БАС силно веруваме во овој модел на учење кој претставува спој на теорија и пракса. Теоретската подготвеност е одлична за согледување на „големата слика“, а практичните вештини се оние кои ја создаваат додадената вредност.

НАТПРЕВАР ЗА
СТИПЕНДИИ

Ден
Час
Мин
Сек

Матурант или на возраст до 22 години, пријави се на натпреварот и можеш да освоиш стипендија до 60% од школарината на студиите по бизнис или маркетинг менаџмент!

Да, ќе се пријавам!
Не, благодарам, не сум за стипендија :)

Известување за технички проблем

Почитувани, во моментов телефонскиот број на БАС Скопје (02 2455 754) е во прекин. Додека се работи на отклонување на техничкиот проблем, ве молиме побарајте не на info@bas.edu.mk, опцијата за chat на самата веб страница или кај колегите во БАС Битола на 047 225 218

Ќе пишам на мејл

Со кликање на ова копче, ќе ви се отвори нова страница или вашиот емаил клиент преку кој ќе може да ни пишете директно порака на info@bas.edu.mk.

Во ред
Испрати ни ги твоите податоци и нашиот тим ќе те контактира

СТАНИ СТУДЕНТ НА БАС