Проф. д-р Гордана Тасевска, директор на Бизнис академија Смилевски, во име на институцијата прими благодарница за несебичната и континуирана поддршка што БАС со години ја дава на настанот „Жени претприемачи“, кој оваа година се одржа по 8-ми пат
Неизмерно сме благодарни за можноста да бидеме дел и да придонесеме кон вакви исклучително значајни иницијативи кои имаат силен импакт врз општеството, а особено врз жените и нивното претприемачко охрабрување
Настанот секогаш изобилува со инспиративни говорници, моќни приказни и автентични искуства кои го будат и зајакнуваат претприемачкиот дух кај секој присутен.
Голема благодарност до организаторите KASIA EVENTS – Катерина Котлареска и Борис Ефтимовски за укажаната доверба и беспрекорната организација.
Во продолжение споделуваме дел од атмосферата, дополнително збогатена со присуството на нашите студенти, кои со својата енергија, љубопитност и млад дух дадоа посебна вредност на настанот ![]()
![]()







