Секој студент треба да пополни ВОИ20 на следниот ЛИНК, треба да се креира сметка на НИСКО НИВО или да се користи истото корисничко име од УЈП. Притоа од системот ќе добие официјалнa ПОТВРДА ЗА БАРАЊЕ и ИЗЛЕЗЕН ДОКУМЕНТ со електронски печат на ДЗС. Студентите при запишување се должни документите да ги достават лично до факултетот.
При пополнување на ВОИ20 образец при запишување на нова студиска година Ве молиме обратете внимание на неколку работи:
1. ШТО Е ВОИ 20?
– Образецот ВОИ20 е статистички образец преку кој Државниот завод за статистика прибира податоци за студентите и високото образование. Образецот задожително го пополнуваат сите активни студенти запишани на додипломски студии како и бруцошите и студентите од повисоките години.
2. ШТО СЕ Е ПОТРЕБНО ЗА ДА СЕ ПОПОЛНИ ВОИ20 ОБРАЗЕЦ?
– Студентите треба да се регистрираат и да креираат профил на платформата uslugi.gov.mk
– Профилот на uslugi.gov.mk треба да биде на “НИСКО НИВО”
– По регистрацијата, пребарај ја услугата ВОИ20, притисни на полето аплицирај, внеси ги податоците кои се бараат и кликни поднеси.
– По поднесувањето, се генерира документот, притисни потврди и потоа може да се преземе од твојот профил.
– По пополнувањето на образецот, генерираниот документ, ЗАДОЛЖИТЕЛНО треба да се достави до студентска служба во просториите на БАС Скопје или Битола.
3. КАКО ДА ГО НАДГРАДАМ ПРОФИЛОТ ОД “ОСНОВНО” НА “НИСКО” НИВО?
– Со лично присуство во просториите на УЈП
– Со лично присуство во некој од центрите ЕТУ, поточно:
ЕТУ Скопје – Кеј Димитар Влахов ББ, Центар, Скопје
ЕТУ Аеродром – бул. Јане Сандански 70, локал 1, Аеродром, Скопје
ЕТУ Битола – ул. Столарска ББ, Комплекс Безистен, Битола
за сите останати локации во другите градови, може да го посетите следниот ЛИНК
4. КОГО МОЖЕ ДА КОНТАКТИРАМ ДОКОЛКУ НАИДАМ НА ПРОБЛЕМ?
– Студентите коишто ќе се соочат со потешкотии или пак проблем при пополнувањето, може да ја посетат студентската служба на соодветната локација или пак да ја контактираат телефонски:
– 02/ 2455 754 – Скопје
– 047/ 225 218 – Битола
Пријави се пред истекот на времето и очекувај ги натамошните инструкции на твојот емаил!