Благодарница за неизмерна доверба и долгогодишна поддршка на настанот „Жени претприемачи“

Проф. д-р Гордана Тасевска, директор на Бизнис академија Смилевски, во име на институцијата прими благодарница за несебичната и континуирана поддршка што БАС со години ја дава на настанот „Жени претприемачи“, кој оваа година се одржа по 8-ми пат

🙏 Неизмерно сме благодарни за можноста да бидеме дел и да придонесеме кон вакви исклучително значајни иницијативи кои имаат силен импакт врз општеството, а особено врз жените и нивното претприемачко охрабрување

✨ Настанот секогаш изобилува со инспиративни говорници, моќни приказни и автентични искуства кои го будат и зајакнуваат претприемачкиот дух кај секој присутен.

🤝 Голема благодарност до организаторите KASIA EVENTS – Катерина Котлареска и Борис Ефтимовски за укажаната доверба и беспрекорната организација.

📸 Во продолжение споделуваме дел од атмосферата, дополнително збогатена со присуството на нашите студенти, кои со својата енергија, љубопитност и млад дух дадоа посебна вредност на настанот 🎓✨

Day
Hr
Min
Sec

Пријави се пред истекот на времето и очекувај ги натамошните инструкции на твојот емаил!

Еве, веднаш ќе се пријавам!
Не благодарам, не ми треба стипендија X