IX-та Научна конференција на БАС – Битола

Во време кога промените се побрзи од стратегиите, организациската виталност станува услов за опстанок, а не избор.

Битола | 04–05 јуни 2026

Битола со Бизнис академија Смилевски како организатор, зазема централно место на академската мапа како домаќин на IX-та Научна конференција на БАС – настан каде што се вкрстуваат науката, практиката и визијата за иднината на организациите.

Со тематски фокус “Академски и консултантски предизвици за обезбедување организациска виталност”, конференцијата ги отвора најактуелните прашања со кои се соочуваат современите организации во динамично и неизвесно окружување.

Мисијата е јасна: размена на современи идеи, научно засновани пристапи и практични решенија, преку истражувања од областа на организациските науки и менаџментот, економијата, информатичките науки и образованието.

Настанот е организиран од БАС Институт за менаџмент – Битола и Бизнис академија Смилевски – БАС, во соорганизаторство на високообразовни институции од Зрењанин и Вуковар. Програмската содржина на конференцијата вклучува учесници и придонеси од Полска, Турција, Албанија, Австрија, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, Унгарија и Бугарија, што јасно го потврдува нејзиниот меѓународен карактер и академска релевантност.

 Кога науката се среќава со практиката – се создава организациска виталност. 

Day
Hr
Min
Sec

Пријави се пред истекот на времето и очекувај ги натамошните инструкции на твојот емаил!

Еве, веднаш ќе се пријавам!
Не благодарам, не ми треба стипендија X