Во текот на вчерашниот ден имавме чест да бидеме домаќини на учениците од СОУ „Орде Чопела“ – Прилеп. ![]()
Посетата беше реализирана како дел од програмата за кариерно советување, во соработка со кариерните советници д-р Мирјана Стојческа Ѓорѓиоска и Билјана Николоска, со цел учениците навремено да се информираат и да донесат правилна одлука за својот понатамошен образовен и професионален пат.
Учениците имаа можност да се запознаат со нашите студиски програми, практичната настава, соработката со партнерските организации и можностите за понатамошен развој. ![]()
Веруваме дека оваа средба беше инспиративна и корисна за сите присутни. ![]()
Од името на директорката на БАС, проф. д-р Гордана Тасевска, и целиот наставен и административен кадар, упатуваме огромна благодарност до сите ученици, професори и раководството на училиштето за интересот и довербата.
Секогаш сте добредојдени!






