Конкурс за запишување на студенти на прв и втор циклус на студии во студиската 2020/2021година
повеќе
УПИСИ 2020/2021
Студирај и стани професионален менаџер!
Бизнис академијата Смилевски е акредитирана високообразовна установа во Република Северна Македонија која нуди
МОДЕРНО, ПРИМЕНЛИВО И ПРОФЕСИОНАЛНО ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ ПО МЕНАЏМЕНТ
БИЗНИС МЕНАЏМЕНТ: Тригодишни професионални студии за надзорници, линиски и секторски менаџери надополнета со повеќе од 100 денови студентска пракса во успешни македонски компании со можност за вработување.
СТРАТЕГИСКИ МЕНАЏМЕНТ: Студирајте заедно со искусни професионалци и станете професионален стратегиски менаџер. Специјално развиена програма со акцент на учење од споделеното практично искуство со поткрепа од теоријата.
Размислувате за промена на студиите или за уште едни студии? БАС нуди можност за признавање и трансфер на предмети положени на друга високообразовна установа, до 50% од стекнатите кредити..
БАС ги препознава и наградува најдобрите матуранти со афинитети и предиспозиции за менаџерските вештини. Секоја пролет, БАС распишува конкурс за доделување на стипендии во висина од 20% до 100% од школарината.
БАС нуди можност на своите студенти школарината да ја отплаќаат со посебни услови утврдени со меѓусебен договор.
Потребен Ви е сертификат за одредена професионална област или склоп на вештини? Потребен Ви е дел од студиска програма? Барате доусовршување на своите професионални вештини? Разгледајте ги специјално развиените програмски пакети и одберте ја најсоодветната за Вас.