СТИПЕНДИИ ЗА МЕНАЏЕРИТЕ НА ИДНИНАТА!

Традиционален натпревар за стипендии на БАС,
април 2024г.

ТЕК НА НАТПРЕВАРОТ

ИНФОРМАЦИИ ЗА НАТПРЕВАРОТ

Бизнис академија Смилевски е единствената високообразовна институција во Македонија која нуди професионални студии по менаџмент и тоа:

Препознатливи сме по нашиот начин на работа кој вклучува: мали групи на студенти, фокус на практични знаења наместо теорија, многу пракса и поддршка од кариерниот центар за време на студии, достапност на професорите и лесна вработливост на нашите дипломирани студенти.

Едно од нашите главни обележја низ годините е НАТПРЕВАРОТ ЗА СТИПЕНДИИ кој го организираме секоја година без исклучок!

Оваа година натпреварот се состои од два дела.

Првиот дел е онлајн тест каде ќе треба да ги покажеш твоите ставови и размислувања за менаџментот. Не треба да учиш на памет дефиниции и набројувања. Тестот ќе има неколку студии на случај (case studies) каде ќе треба да ни кажеш како ти би го решил/а проблемот.

Вториот дел од натпреварот е интервју, со физичко присуство или онлајн, по твој избор. Интервјуто ќе има за цел да ни даде комплетна слика за тебе, твоите знаења и интереси.

Најдобро рангираните кандидати ќе добијат понуда за стипендија за студирање во БАС!

На натпреварот може да се пријават сите матуранти и млади до 22 години. На крај, не заборавајте: Пријавувањето трае до 21 април!

ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

Како да се пријавам?

Првин се регистрираш на формата на врвот на оваа страница. Потоа не очекуваш со натамошните инструкции на твојот мејл! Проверувај го често! Не заборавај да ги провериш и папките spam, junk, promotions или notifications. Ако го нема мејлот, пиши ни на info@bas.edu.mk или јави ни на 02/2455 754!

Колкава стипендија можам да добијам?

Најуспешните кандидати ќе добијат стипендија во висина до 60% од вкупната школарина која изнесува 4200 евра за сите три години студирање.

Кога ќе започнам со студирање?

Студиите ќе започнат на 01.10.2024 година.

Имам уште прашања, каде да се обратам?

За сите дополнителни прашања, пиши ни на info@bas.edu.mk или јави ни се на 02 / 2455 754 за Скопје или 047 / 225 218 за Битола.
Day
Hr
Min
Sec

Пријави се пред истекот на времето и очекувај ги натамошните инструкции на твојот емаил!

Еве, веднаш ќе се пријавам!
Не благодарам, не ми треба стипендија X