Конкурс за запишување на студенти на прв и втор циклус на студии во студиската 2014/2015 година

Врз основа на член 108 од Законот за Високото образование (Сл.весник на Р.М. бр.35/08, 103/08, 26/09, 99/09, 115/10, 17/11, 51/11, 15/13, 24/13, 41/14) и Статутот на Академијата,

 

Бизнис академијата Смилевски – БАС распишува  

К О Н К У Р С

за запишување студенти во прва година на прв и втор циклус на студии во студиската 2014/2015 година  

 

I. БРОЈ НА СТУДЕНТИ

Прв циклус на студии:

Редовни студенти:

БАС-Скопје - 36 студенти

БАС-Битола - 36 студенти

БАС-Струмица - 36 сруденти

Вонредни студенти:

БАС-Скопје - 36 студенти

БАС-Битола - 36 студенти

БАС-Струмица - 36 студенти

Втор циклус на студии:

БАС-Скопје - 25 студенти

БАС-Битола - 25 студенти

БАС-Струмица - 25 студенти

На Бизнис академијата Смилевски – БАС во прва година на прв (додипломски) циклус и втор (постдипломски) циклус на студии ќе се запише следниов број на студенти:

 

II. УСЛОВИ И КРИТЕРИУМИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА БАС 

1) УСЛОВИ И КРИТЕРИУМИ ЗАПИШУВАЊЕ НА ПРВ ЦИКЛУС НА СТУДИИ (ДОДИПЛОМСКИ СТУДИИ)

А) Запишување на редовни студенти 

1. Право на запишување на прв циклус на студии на Бизнис академијата Смилевски имаат кандидати со завршено четиригодишно средно (гимназиско или било кој вид на стручно) образование. Во првиот уписен рок право на запишување имаат кандидатите со државна матура. Доколку по приемот на овие кандидати има слободни места, се примаат и кандидати со училишна матура или завршен испит, како и кандидати кои завршиле средно образование пред воведувањето на матурата.

2. Право на запишување имаат и студенти од други факултети, како и дипломирани лица по посебна постапка на трансфер на кредити, односно признавање на претходно положени испити.

3. Во случај на пријавување на поголем број кандидати од бројот утврден со конкурсот при изборот на кандидатите за прием се врши рангирање на кандидатите според постигнатиот успех од средното образование (30%), постигнатиот успех на матурскиот, односно завршниот испит (30%) и резултатите од проверката на предиспозициите на кандидатите за професионална успешност во бизнисот (40%). Студентите добитници на стипендија од Академијата се запишуваат без рангирање.

4. Школарината по семестар изнесува 950 евра и се плаќа во две еднакви рати: при запишувањето на семестарот и до крајот на истиот или на повеќе рати (до 6 месечни рати) во договор меѓу студентот и Академијата. Во школарината се вклучени сите обврски кон Академијата, како што се трошоците за наставата, учебниците, учебните помагала, материјалите и останатите административни трошоци.

Б) Запишување на вонредни студенти

1. Право на запишување на прв циклус на студии на Бизнис академијата Смилевски имаат кандидати кои од оправдани причини не се во можност да се запишат како редовни студенти.

2. Вонредните студенти се запишуваат според исти услови и критериуми како и редовните студенти, а се рангираат на посебна ранг-листа.

В) Запишување на студенти со трансфер на кредити од други високообразовни установи

1. Право на запишување на прв циклус на студии на Бизнис академијата Смилевски имаат кандидати од други високообразовни установи, како и дипломирани лица со посебна постапка на трансфер на кредити, односно признавање на претходно положените испити.

2. Студентите со трансфер на кредити од други високообразовни установи се запишуваат според истите услови и критериуми, а се рангираат на посебна ранг-листа.

3. При пријавувањето кандидатите задолжително треба да достават и доказ за претходно положените испити од другата/другите високообразовни установи (исписница, уверение за положени испити).

4. Школарината за кандидатите со трансфер на кредити од други високообразовни установи пропорционално се намалува во однос на признаените (трансферираните) кредити.

Г) Запишување на студенти на далечина

1. Право на запишување на студенти по системот студирање на далечина имаат лица кои ги исполнуваат условите за редовни или вонредни студенти, а заради одделеченоста или други причини се спречени да посетуваат настава за редовни или вонредни студенти на една од трите локации на БАС.

2. При пријавувањето за запишување по претходната точка, кандидатите треба да достават и документ за оправданост за неможноста да се запишат како редовни или вонредни студенти.

Д) Документи за пријавување:

1. Диплома за положена државна матура, за положена училишна матура или за положен завршен испит (оригинал или нотарска заверка);

2. Свидетелства од сите класови од средно образование (оригинал или нотарска заверка);

2. Извод од матичната книга на родените (оригинал или нотарска заверка);

3. Уверение за државјанство (оригинал или нотарска заверка);

4. Пополнета пријава за упис на БАС;

Документите се доставуваат лично или по пошта во Скопје (бул. Јане Сандански бр.111/2) или во одделенијата за дисперзирани студии на БАС во Битола (ул.Довлеџик бб) и Струмица (ул.Даме Груев бб).

Ѓ) Траење на студиите:

Студирањето трае 6 (шест) семестри, освен за кандидатите со трансфер на кредити од други високообразовни установи, каде времетраењето на студирањето зависи од бројот на трансферираните кредити.

По дипломирањето, студентите се стекнуваат со диплома за високо образование со наслов Дипломиран оперативен менаџер (Bachelor). Покрај акредитираната диплома, кандидатите добиваат додаток на диплома со опис на изборните модули или предмети и останатите остварувања во текот на студиите.

 

2) УСЛОВИ И КРИТЕРИУМИ ЗАПИШУВАЊЕ НА ВТОР ЦИКЛУС НА СТУДИИ (ПОСТДИПЛОМСКИ СТУДИИ)

А) Услови и критериуми за запишување на втор циклус на студии (постдипломски студии)

1. Право на запишување на втор циклус на студии на Бизнис академијата Смилевски имаат кандидати со завршени студии од прв циклус со тригодишно или четиригодишно траење.

2. Право на запишување имаат и студенти на втор циклус на студии на други високообразовни установи, како и дипломанти од втор циклус по посебна постапка на трансфер на кредити.

3. Право на запишување на студенти по системот студирање на далечина на втор циклус на студии имаат лица кои ги исполнуваат условите за студирање на втор циклус на студии, а заради оддалеченоста или други причини се спречени да ја посетуваат наставата на една од трите локации на БАС. Кандидатот задолжително треба да достави документ за оправданоста за неможноста да студира на една од трите локации.

4.Во случај на пријавување на поголем број кандидати од бројот утврден со конкурсот, изборот на кандидатите за прием се врши со рангирање на кандидатите според постигнатиот успех од прв циклус (60%) и остварените деловни и акадeмски резултати по дипломирањето (40%).

5. Школарината за кандидатите кои имаат завршено тригодишни додипломски студии изнесува 500 евра во денарска противвредност по триместар и се плаќа на почетокот од секој триместар. Постои можност за плаќање школарината на повеќе рати.

Вкупната школарина за кандидатите кои имаат завршено четиригодишни додипломски студии изнесува 2250 евра во денарска противвредност.

Во школарината се вклучени сите обврски кон Академијата, како што се трошоците за наставата, учебниците, учебните помагала, материјалите и останатите административни трошоци. При трансфер на кредити или запишување на дополнителни изборни предмети, вредноста на еден предмет изнесува 200 евра во денарска противвредност.

Б) Документи за пријавување:

1. Диплома за завршен прв циклус на студии и документи за остварувањата по дипломирањето (оригинал или нотарска заверка).

2. Извод од матичната книга на родените(оригинал или нотарска заверка).

3. Уверение за државјанство (оригинал или нотарска заверка).

4. Пополнета пријава за упис на БАС.

Документите се доставуваат лично или по пошта во Скопје (бул. Јане Сандански бр.111/2) или во одделенијата за дисперзирани студии на БАС во Битола (ул. Довлеџик бб) и Струмица (ул. Даме Груев бб).

В) Траење на студиите

Студирањето трае 6 (шест) триместри. За кандидати со завршени четиригодишни студии од прв циклус студирањето трае 4,5 триместри. За кандидатите со трансфер на кредити од други високообразовни установи времетраењето на студиите зависи од бројот на трансферираните кредити.

По дипломирањето, студентите се стекнуваат со диплома за завршен втор циклус на студии – MBA (Master of Business Administration) – Специјалист по стратегиски менаџмент. Покрај акредитираната диплома, кандидатите добиваат додаток на диплома со опис на изборните модули или предмети и останатите остварувања во текот на студиите.

 

III. РОКОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ И ЗАПИШУВАЊЕ

РОКОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ И ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ НА ПРВ И ВТОР ЦИКЛУС НА СТУДИИ

 

Прв циклус на студии

 

Втор циклус на студии

Прв уписен рок

Втор уписен рок

Трет уписен рок

Прв уписен рок

Втор уписен рок

Трет уписен рок

Пријавување на кандидати

 

до 15.08.2014

до 29.08.2014

до 12.09.2014

 

до 01.09.2014 

до 29.09.2014

до 20.10.2014

Запишување на студенти

 

21 и 22 август 2014

4 и 5 септември 2014

18 и 19 септември 2014

4 и 5 септември 2014

2 и 3 октомври 2014

23 и 24 октомври 2014

Повеќе информации на www.bas.edu.mk , bas@bas.edu.mk или на 02/2455-754, 047/225-218, 034/612-699