Коучинг- алатка на иднината
Коучинг- алатка на иднината Концептот на коучингот во деловниот свет интензивно почнува да се применува во 20-тите години на минатиот век најпрво во САД и земјите од Западна Европа. Тој период менаџерите работеле во исклучително стресни околности, поради рецесијата при што се јавила потребата за алат кој ќе служи за развој на поединецот, подобрување на перформансите како и организациски развој. Се повеќе започнале да се реализираат тренинзи и обуки специфични за самата организација,па се добил и увид за индивидуалниот пристап кон личниот развој. Коучингот како термин во научната литература се појавува во 1937 година, но последниве 20 години неговата примена добива ново значење. Во податоците од научно истражувачки трудови повразани со ова научна дисциплина може да се заклучи дека коучингот има значајна улога во современиот менаџмент процес од тука и потребата за негово запознавање. Зборот коучинг во деловниот свет значи подучување во смисла на поддршка. Коучот е лице кое дава поддршка, а клиентот е оној кој ја прима таа поддршка. Постојат голем број дефиниции за коучинг процесот и сите тие можат да се обединат во дефиницијата на Интернационалната коучинг федерација (ICF) која го дефинира како партнерство со клиентот, во кој се поттикнува креативен процес на размислување и во кој се инспирира клиентот да го максимизира својот личен и професионален потенцијал. Во коучинг процесот, клиентот преку сет од прашања, методи, стратегии и техники на работа од страна на коучот, допира до своите “скриени” потенцијали и ресурси. Процесот вообичаено се работи еден на еден или тој е таканеречен индивидуален коучинг.Покрај него постои тимски и организациски коучинг. Team coaching session Коучот не дава совети, не пренесува сопствени знаења, не ги решава проблемите на клиентот и по тоа се разликува од консултанството, менторството, терапијата. Коучот е трениран да верува во тоа дека клиентот ги има своите одговори и треба да се најде начин да дојде до нив, верува дека има потенцијали да го постигне тоа што го сака и му помага на клиентот да доде до сопствените знаења и вештини за кои можеби не е свесен. Тој исто така му овозможува на клиентот да ги подобри своите перформанси во за него добро позната област. Коучот е одговорен за процесот, а клиентот за резултатот. Коучинг процесот е крајно личен и едиснтвено е можен во средина која е сигурна и строго доверлива. Низ процесот може да се работи на следниве теми: дефинирање на своите цели и можности, пронаоѓање на нови решенија и идеи, планирање на кариерата, увид во вредностите и уверувањата, стратегии на одлучување, стил на раководење, замена на ограничувачко однесување со ново и сл. За некој да биде коуч мора да биде клиент. За да може да се занимавате со другите, најпрво треба да се позанимавате со себе и да работите на себе. Тој процес дефинитивно креира прогресивни промени, отвара нови видици за можностите,енергијата и фокусот, вештините и уживањето во сопствените резултати. Автор: пред. м-р Билјана Галовска
Пракса- стекнување на вистински вештини и пат до побрзо вработување
Пракса- стекнување на вистински вештини и пат до побрзо вработување Пракса, пракса и само пракса. Тоа се зборовите кои постојано ги повторуваме на нашите студенти во БАС. Менаџментот е занает, а како и секој друг занает, може вистински да се научи само преку работа. Студиските програми по бизнис менаџмент и маркетинг менаџмент се конципирани секој студент да има 100 дена пракса за време на студиите. Во прв семестар се лабораториски вежби каде студентите формираат виртуелни компании и работат на реални задачи (изработка на маркетинг стратегија, продажни презентации на производи/услуги, подготовка на тендер и сл.) водејќи сметка за профитабилноста на секој од предизвиците. Целиот процес е надгледуван од Координаторот за пракса кој во случајот има улога на фасилитатор на процесот и нема никакво директно влијание врз резултатите кои ќе ги остварат компаниите. Во втор семестар, студентите заедно со Координаторот имаат групни посети на нашите партнерски организации каде се запознаваат со: визијата и мисијата на компанијата; организациската структура, производите/услугите, секојдневната работа на менаџерите и сл. Преку овие активности студентите првично се запознаваат со нашите партнерски организации и „пикираат“ во кои компании би сакале да ја реализираат праксата. Во понатамошниот дел од студирањето (преостанатите 4 семестри и двете летни паузи) секој студент е на пракса во доделена партнерска организација каде е вклучен во работата на менаџерите преку: набљудување, помагање и самостојна работа. На овој начин ги подготвуваме студентите за она што ги чека по дипломирањето, а оние студенти кои се истакнуваат добиваат понуда за работа уште веднаш. За време на праксата, секој од студентите има назначен ментор кој ги задава задачите и го следи напредокот на студентот. Координаторот за пракса во БАС е во постојана комуникација и со студентот и со менторот, со цел да се осигура дека процесот тече како што треба. Ние како БАС силно веруваме во овој модел на учење кој претставува спој на теорија и пракса. Теоретската подготвеност е одлична за согледување на „големата слика“, а практичните вештини се оние кои ја создаваат додадената вредност.
Седма меѓународна научна конференција и „Менаџерски муабети 5“
Минатата недела за нас беше многу важна од три аспекти: Сите овие активности ги реализиравме во периодот 03-05 ноември во БАС Битола. Среќни сме што имавме можност да слушнеме новитети во менаџментот; да дознаеме од прва рака како се справуваат менаџерите со тековните предизвици; да се видиме со стари пријатели со кои соработуваме низ годините како и да запознаеме нови лица со кои допрва ќе соработуваме. 30 години сме посветени на создавање професионални менаџери преку формално и неформално образование. Нашата посветеност и љубов кон образованието е сѐ поголема секој ден. Горди сме што имаме лојални и посветени вработени кои ги споделуваат истите вредности и принципи. Благодарни сме што имаме и партнери кои ја препознаваат вредноста на она што го правиме и сакаат да соработуваат со нас. Сето ова е голем поттик за нас да продолжиме уште повеќе и уште подобро во она што најдобро знаеме да го правиме- да создаваме професионални менаџери. Погледнете како си поминавме на сликите во прилог:
Петте „П“ на Минцберг за бизнис стратегиите
Автор: виш пред. м-р Иван Ѓорѓиевски Хенри Минцберг, е еден од најактивните професори и автори во полето на менаџментот, особено во делот на бизнис стратегиите. Неговите „5 П на бизнис стратегиите“ се замислени како сеопфатни, условно кажано, водилки во креирањето на стратегијата на еден бизнис. Креирани уште во 1987година, повеќе од три децении подоцна, сеуште се применливи во модерните бизнис авантури, што говори за безвременоста на неговата работа. Како што се објаснети на вебсајтот The Business Professor, петте П или во изворна варијанта The 5 strategy Ps според Минцберг се: „П“ Дефиниција или значење Plan /MK: План/ Основниот, автоматски пристап кон креирањето на потенцијални цели и планирање насоки и активности за нивното исполнување. Ploy /MK: Заговор/ Минцберг вели дека начините на „борба“ со конкуренцијата се, скоро секогаш, дел од стратегиите. Бидејќи во суштина планирањето активности кои ќе ја „победат“ конкуренцијата претставува заговарање, а тоа сепак одзема значително многу време и енергија, затоа е поставено како второ П во моделот на Минцберг. Pаttern /MK: Шаблон/ Со текот на времето, стратегии почнуваат да никнуваат под влијание од минати искуства и однесувања, што всушност говори за фактот дека не секогаш стратегијата е намерна и планирана активност. Понекогаш едноставно, таа доаѓа како резултат на серија повторени однесувања, односно, ко што ги дефинира Минцберг – шаблони. Position /MK: Позиција/ Позицијата е всушност друг начин да се дефинира стратегијата. Имено, преку идејната замисла за позицијата (во корелација со пазарот) всушност се крои стратегија. Позицијата всушност бара од стратезите да ја земат во предвид самата организација и нејзината врска(и) со околината, преку кое набљудување може да се креира (и одржи) конкурентска предност. Perspective /MK: Перспектива/ Како што шаблоните на носење одлуки базирани на претходни искуства, така и шаблоните во организациското однесување (и размислување) можат да влијаат на стратегијата. Ова влијание е евидентно преку перспективата на луѓето, која е пак во директна корелација и целосна меѓузависност со организациската култура. Минцберг во своите финални предлози, препорачува и повикува на внимание при креирањето стратегии, најмногу поради фактот дека овој модел не треба да се смета како процес за следење, туку како концептуален модел за разгледување на стратегиите од повеќе можни гледни точки. (Gordon, 2021) За крај, главниот разлика меѓу бизнис моделите и бизнис стратегиите е всушност во нивниот опфат. Според Тис (Teece, 2010), бизнис моделите се генерално пошироки и посеопфатни по својата природа, додека бизнис стратегиите се поконцизно дефинирани и повеќе детализирани. Заедницата и настојувањето за висока интерконекција меѓу бизнис моделите и стратегиите е неопходна со цел постигнување на конкурентска предност и заштита на истите.
ABCDE – Јасни приоритети за поголем успех
Менаџирањето на времето е многу повеќе од планирање на своите активности. Тоа е скапа алатка која овозможува правилно распоредување на времето, подобра подготовка, фокус на извршување на корисни активности, соодветна самоконтрола и сл. Менаџирањето на времето претставува менаџерска активност која треба да се планира, следи, надгледува и дополнително да се анализира.