Preaload Image

ЗА БАС

Приказната за БАС започнува многу пред нашето основање во 2007 година. Професорот Цветко Смилевски кој целиот свој професионален живот го минува во областа на образованието чувствува дека е време сето свое искуство да го вклопи во современа и модерна академија која ќе понуди револуционерен начин на студирање во Македонија, надополнувајќи ги сите недостатоци кои ги има застарениот модел на високо образование. Така, на една случајна прошетка заедно со својот син, Горазд Смилевски, одлуката за основање на бизнис академија е донесена. Тука е и третиот член на основачкото трио, Цена Смилевска, сопруга на Цветко, чија идеја е името, Бизнис академија Смилевски-БАС.

Формално сме основани во 2007 година кога ја добиваме и акредитацијата од МОН, како и дозволата за работа. Една година траат подготовките, изборот на наставен кадар, подготовката на наставни материјали и во 2008 година стартуваме со настава првата генерација на студенти по оперативен менаџмент.

Во моментов имаме две студиски програми:

  • Бизнис менаџмент на додипломски студии и
  • Стратегиски менаџмент на постдипломски студии.

Функционираме на две локации Скопје кадешто е нашето седиште и Битола, одделението за дисперзирани студии.

 

Нашата мисија е да создаваме кадри кои се подготвени за работа уште од првиот работен ден!

 

Оваа наша мисија ја остваруваме преку неколку принципи кои се наши ѕвезди-водилки во се што правиме:

  • Индивидуален пристап кон развојот на секој студент
  • Континуирана соработка со бизнис секторот
  • Максимизирање на потенцијалот на секој студент
  • Човечки пристап со разбирање и емпатија
  • Институционална поддршка при вработување
  • Сите сме како едно големо семејство
  • Искрена комуникација и фер однос со студентите

 

Ако зборуваме за тоа што добиваат нашите студенти и кои се карактеристиките кои не одвојуваат од останатите можеме да се пофалиме со следново:

  • Модерно и современо образование
  • Комбинација на теорија и пракса
  • Работа во мали групи
  • Настава + лабораториски вежби како една целина
  • Еден ден- еден предмет
  • Гостувања на експерти од областа
  • БАС ментори
  • Лесно вработлива струка
  • Можност за изборни профили (дополнително насочување)
  • Диплома призната во странство
  • Студиски престој во странство преку Еразмус+
  • Студии на далечина
  • Посебен начин за студирање на вонредни
  • Можност за плаќање на рати
  • Прифатливи цени за студирање
  • Целосно дигитализирани материјали (Мудл портал)
  • Професори и административен кадар постојано достапни
  • Можност за интегрирани студии (3+1)
  • Фокус на тимска работа и соработка
  • Работа на проблемски студии на случај по секој предмет

 

Ако треба да се претставиме со една реченица би рекле дека сме институција која го препознава потенцијалот на индивидуалците и работи на максимално искористување на истиот.