Preaload Image

ТРАНСФЕР НА ЕКТС КРЕДИТИ

Практичната примена на Болоњскиот кредит трансфер систем кој се применува во високото образование во Македонија е што дозволува пренос на веќе освоените ЕКТС кредити од една во друга високо образовна установа на сродни програми. Што значи ова поточно?

Доколку имате студирано или во моментов студирате на друг факултет и од било која причина сакате да се префрлите, ЕКТС системот за трансфер на кредити ви го овозможува тоа. Се што треба да направите е да го испратите уверението за положени предмети до нашата служба. Комисијата за трансфер во БАС ќе го разгледа уверението и врз база на сродноста на положените предмети со предметите од нашата студиска програма ќе донесе одлука кои предмети ќе ви бидат признати од страна на БАС.

Висината на школарината се одредува врз база на признатите ЕКТС од другата високообразовна установа т.е. признатите ЕКТС се одземаат од школарината.

Испратете го вашето уверение за положени испити на ekts@bas.edu.mk

Проф. д-р Цветко Смилевски

Ко-основач на БАС

Студиската програма по Бизнис менаџмент ја отсликува модерната потреба од професионални, високо стручни и посветени менаџерски кадар. Академската заедница на БАС долги години работи на полето на остручување и обезбедување на менаџерски кадар за потребите на македонските организации.

Кон студиските програми:

БИЗНИС МЕНАЏМЕНТ

Тригодишни, професионални и современи додипломски студии по менаџмент..

СТРАТЕГИСКИ МЕНАЏМЕНТ

Едногодишни, специјалистички студии по стратегиски менаџмент.