БАС

Новости за Бизнис Академија Смилевски - БАС

Издравчката дејност на Бизнис академија Смилевски – БАС

Издравчката дејност на Бизнис академија Смилевски – БАС, Скопје се збогати за уште две изданија „Личен менаџмент“ и „Практикум по личен менаџмент“ од авторките проф. д-р Даниела Карадаков и проф. д-р Гордана Тасевска.

Доволно е само да се земат во рака. Првиот впечаток е пеперутката в рака, насловната страна, таа го навестува следното. Секој од нас животот го започнува совршено чист, празен и слободен. Нашиот развој најпрвин е зависен од другите, потоа сметаме дека можеме да живееме и опстоиме независно од другите, сè до моментот кога ќе откриеме дека преку меѓусебната зависност ги реализираме своите визии и одговараме на предизвиците и ризиците.

Делото „Личен менаџмент“  ќе ви овозможи да се свртите кон самите себе и кон своите постапки, а со тоа ќе ви овозможи себеменаџирање на вашата кариера и вашиот приватен живот. Осознавајќи ја содржината вие ќе умеете подлабоко да размислувате, проценувате, критикувате, некогаш ќе се лутите и обвинувате, а некогаш ќе се гордеете и уживате. Вашата траекторија ќе ви обезбеди да станете менаџер и лидер на својот живот. 

Додека пак „Практикумот по личен менаџмент“, како нераскинлив дел од првото дело ја потвдрува изреката: „Теорија без практика е како тркало без основа. Практиката без теорија е како слеп човек на пат.“ Истиот претставува поддршка за сите оние кои започнуваат да патуваат кон себеменаџирањето. Секоја страница на ова помагало ќе ви открие дел од вас. Покрај вашите професионални вештини и знаења, прелистувајќи лист по лист, ќе научите да ги менаџирате сопствените капацитети и емоции, ќе бидете подготвени да се справите сами со своите препреки/бариери.

Започнете веднаш со поставување на сопствените цели, промовирајте се себеси, креирајте, иновирајте, сонувајте, осознајте ги вашите позитивни страни, работете на оние послабите, менаџирајте го стравот кој ви го наметнува непознатото, испланирајте го најдрагоцениот ресурс – времето ...

 Бидете наш гостин на јавната промоција на овие дела што ќе се одрже на 30.06.2021 година во 19 часот преку платформата Zoom.

Подолу Ви го споделуваме и линкот каде што ќе можете да се вклучите на промоцијата:

Join Zoom Meeting

https://us02web.zoom.us/j/87695058746?pwd=Nmh4dzBXOVRGQzdLT2s3MzY1Ni9oQT09

Meeting ID: 876 9505 8746

Passcode: 482518