Preaload Image

СТРАТЕГИСКИ МЕНАЏМЕНТ

Постдипломски студии

Постдипломските, специјалистички студии (1 година) по стратегиски менаџмент се наменети за сите оние кои се гледаат себеси на врвна менаџерска позиција (топ-менаџмент) или пак се сопственици/идни сопственици на бизнис на кои им се потребни дополнителни компетенции за успешно водење на бизнисот.

Преку студиската програма по стратегиски  менаџмент студентите ќе научат успешно да: планираат, организираат, делегираат и контролираат процеси, активности и луѓе. Покрај ќе ги развијат и своите вештини за: истражување и анализа на пазарот и окружувањето; изработка на деловна стратегија и бизнис план; воспоставување системи на комуникација во организацијата; успешно ги решавање конфликтите; планирање и организирање продажбата; вработување, мотивирање и поставување на вистинските вработени на правото место  и сл.

Наставата се одвива во мали групи до (18 студенти), а распоредот е таков се слуша и полага предмет по предмет. Секој предмет има 3 клучни активности и тоа: 5 предавања по предмет, изработка и презентација на проектен извештај и полагање испит. Наставата се одвива попладне и не е само класично теоретско предавање од професорот, туку во секој ден се опфатени и студии на случај, тимска работа и дебати на темата, така што наставата е максимално интерактивна и се базира на размена на искуства.

Називот на дипломата по успешно завршување на студиите е специјалист по стратегиски менаџмент.

Проф. д-р Цветко Смилевски

Ко-основач на БАС

Студиската програма по Стратегиски менаџмент ја отсликува модерната потреба од професионални, високо стручни и посветени менаџерски кадар. Академската заедница на БАС долги години работи на полето на остручување и обезбедување на менаџерски кадар за потребите на македонските организации.

Стратегиско планирање и визионирање

Студентите се способни да применат постоечки или да развијат свои алатки за стратегиско визионирање и планирање, преку разбирање на споделената визија на организацијата и стратегискиот менаџмент.

Стратегиско водство

Студентите развиваат вештини за примена на различните стилови на водство во организациите, каде на стратешко ниво воведува организациски промени, креира нови и подобрени вредности за бизнисот и стратегиски цели.

Следење и анализа на окружувањето

Преку студиската програма, студентите се стекнуваат со соодветни познавања и вештини за мониторинг и анализа на промените во окружувањето па следствено на тоа, креираат соодветни промени на стратегиските цели.

Проценка и анализа

Студентите развиваат способност да вршат анализа на состојбите на бизнисот и организациите, проценка на нови идеи, технологии и развојни проекти кои може да ги примени во самиот бизнис преку развој на соодветни стратегиски и акциски планови

Детални информации

Структура на студиската програма

СТРАТЕГИСКИ МЕНАЏМЕНТ

Структура на студиската програма

  • Стратегиски менаџмент
  • Организациско однесување
  • Стратегиски менаџмент на човечки ресурси
  • Оперативен менаџмент
  • Компаниски и инвестициски финансии
  • Изборен предмет 1
  • Изборен предмет 2

Се избираат два предмети од понудените во листата:

  • Менаџмент на промени
  • Стратегиско водство
  • Стратегиски маркетинг
  • Проектен менаџмент
  • Менаџерско лобирање
  • Иновативен менаџмент
  • Социјално претприемаштво
  • Организациско разузнавање

Изработката на специјалистичкиот труд е поделен на два дела и тоа:

  • Дизајн на трудот (5ектс) – Темата заедно со изборот на ментор се пријавува во втор семестар
  • Теренска работа (10ектс) / Истражување и комплетирање на трудот – Се завршуваат по комплетирање на вториот семестар

Студиската програма содржи 60 ЕКТС кредити.Еден кредит соодветствува со 27 часа работа, што значи вкупна оптовареноста на студентот изнесува 1620 часа за една година. Бројот на кредити за предметната програма се утврдува врз основа на предавања, завршни испити, консултации, реализирани вежби, изработка на проектен извештај, теренска работа, самостојна работа и др.
До крајот на првиот семестар студентите треба да се определат за изборни предмети од листата на изборни предмети и наслов и ментор за специјалистички труд.

Во листата на изборни наставни предмети на наставната програма која се изведува на БАС, може да бидат вклучени и наставни предмети од други акредитирани студиски програми на втор циклус на студии на БАС за кои одлучува Наставничкиот совет на БАС.
Наставничкиот совет на БАС одлучува кои наставни предмети ќе ги понуди за избор на студентите. Од понудените изборни наставни предмети, студентите ќе може да го направат својот избор.