
Пред. м-р Иван Ѓорѓиевски
Иван Ѓорѓиевски е предавач во областа на оперативниот менаџмент и консултант од областа на оперативен и надзорнички менаџмент. Додипломските студии ги завршува во БАС, додека постдипломските на ИСППИ при УКИМ. Во моментот е запишан на докторски студии во областа на организациски науки и управување. Во БАС е вработен повеќе од 5 години, а во ДЕТРА извршува консултантски услуги повеќе од 8 години. Областите во кои најчесто испорачува услуги се: бизнис дијагностика, организациски процеси, тимови и тимска работа, надзорнички и оперативен менаџмент, менаџирање со верига на набавки и проектен менаџмент.
Иван поседува значително искуство во проектните методологии и проектен менаџмент кое го стекна како претседател на организација од невладиниот сектор каде работеше повеќе од 7 години на развој и имплементација на проекти.
Одлуки и други акти за избор во звање:
Одлука за избор во звање (виш пред.)
Реферат за избор во звање (Виш предавач)