- +389 2 2455 754
- info[@]bas.edu.mk
- Јане Сандански 111/2, Скопје
- Херцег Нови бр. 6, Битола
Студии за бизнис и оперативни менаџери, надлежни за сите аспекти и операции во бизнисот. Три години, 6 семестри и 180 ЕКТС до Дипломиран Бизнис менаџер.
Стручни и професионални маркетинг менаџери и се потребни на секоја компанија, и тукму затоа БАС ја создаде оваа програма. Три години, 6 семестри и 180 ЕКТС до Дипломиран Маркетинг менаџер
Специјалистички студии за стратегиски менаџери. Менаџери кои гледаат надалеку и ја водат и развиваат својата компанија. Едногодишни студии, 60 ЕКТС и диплома - Специјалист по стратегиски менаџмент.
Врз основа на член 149 од Законот за Високото образование (Сл.весник на Р.М. бр.82/18), врз основа на член 130, 131 и 132 од Статутот на БАС, врз основа на член 9 од Правилникот за условите критериумите, постапката и правилата за запишување и студирање на прв циклус на студиии член 10 од Правилникот за условите, критериумите, постапката и правилата за запишување на втор циклус на студии
ПРИВАТНАТА НЕПРОФИТНА ВИСОКООБРАЗОВНА УСТАНОВА САМОСТОЈНА ВИСОКА СТРУЧНА ШКОЛА
БИЗНИС АКАДЕМИЈА СМИЛЕВСКИ – БАС
РАСПИШУВА
Документите се доставуваат лично,во просториите каде ќе се реализира студиската програма, односно, во седиштето на БАС во Скопје на бул. Јане Сандански бр.111/2 или во Одделението за дисперзирани студии на БАС во Битола на ул.Херцег Нови бр. 6, секој ден, од понеделник до петок, од 08:00 до 17:00 часот.
Школарината за студирање на студиската програма по Стратегиски менаџмент на втор циклус на студии на БАС изнесува 1500 Eвра во денарска противвредност. Плаќањето на школарината може да се изврши на рати (до 12 месечни рати во текот на годината). Под одредени услови и за одредени категории на студенти БАС обезбедува и поволности во однос на висината и начинот на плаќање на школарината. Во школарината се вклучени трошоците неопходни за студирање, како што се трошоците за настава, оценка и одбрана на специјалистички труд, основна и дополнителна литература, учебните помагала, други материјали,пријавување на испити, заверување на семестри, користење на библиотека, административни документи (индекс, студентска легитимација, потврди, уверенија и сл.) и сл.
*Студиската програма по Маркетинг менаџмент е во постапка за добивање на Решение за почеток со работа по основ на добиено Решение за акредитација на студиска програма бр. 08-1045/8 од 14.04.2022 година од страна на Одбор за акредитација на високо образование на Република Северна Македонија.
ВАЖНО: За оние студенти кои ќе се пријават најдоцна до 30.06.2022 година следува 10% попуст на вкупната школарина за студирање.
Повеќе информации на www.bas.edu.mk,info@bas.edu.mkили на 02/2455-754, 047/225-218
Матурант или на возраст до 22 години, пријави се на натпреварот и можеш да освоиш стипендија до 60% од школарината на студиите по бизнис или маркетинг менаџмент!