Preaload Image

СТУДЕНТСКА ПРАКСА

 

Менаџментот е занает како и секој друг и истиот се учи најдобро преку пракса. Студиската програма е така конципирана да во текот на целото студирање нашите студенти реализираат практична настава. Генерално, студентите се ангажирани на преку една од трите форми на учење: набљудување, помагање во работата, самостојна работа. Природно, на почеток на студиите вклученоста е повеќе преку набљудување и помагање, а како студентите се ближат кон крајот, фокусот на практичната настава е на самостојната работа.

 

Практичната настава се релизира во партнерски организации (ПО) со кои имаме потпишано спогодби за соработка. Во ПО имаме обезбедено ментори кои се грижат за целокупната пракса така што ја организираат праксата на студентите низ ПО и го следат нивниот напредок.

 

Од страна на БАС за целокупниот процес е задолжен Координатор за ТСП чија задача е да наоѓа нови партнерски организации, да ја организира целокупната пракса на студентите и да го следи нивниот напредок.

 

Во БАС, единствена обврска која ја има студентот во однос на практичната настава е да биде редовен на средбите и да ги завшрува обврските кои му се дадени од страна на менторот.

 

Ова се дел од нашите партнери:

                                                                 

ЦЕНТАР ЗА КАРИЕРА

 

Центарот за кариера е уште еден оддел во БАС кој го создадовме спрема потребите на студентите. Центарот работи според утврдена годишна програма, а целта е да студентите да им обезбедиме дополнително знаење, информации и контакти кои не се опфатени преку наставата или праксата. Најчести активности кои ги имаме во центарот за кариера се: обуки на специфични теми поврзани со професионалниот и личен развој на студентите; предавања од истакнати експерти-менаџери; дебати на релевантни теми и сл. Центарот за кариера е раководен од Координаторот за ТСП.