ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Слободен пристап до информации од јавен карактер.
Информации од јавен карактер:
Овластено лице:
Наташа Коцевска
delovensekretar [@] bas.edu.mk
+389 2 2455 754
- Статут на БАС
- Органиграм на БАС
- Акредитација на студиска програма: Бизнис менаџмент
- Решение за почеток со работа на студиска програма: Бизнис менаџмент (Скопје)
- Решение за почеток со работа на студиска програма: Бизнис менаџмент (Битола)
- Акредитација на студиска програма: Стратегиски менаџмент
- Решение за почеток со работа на студиска програма: Стратегиски менаџмент (Скопје)
- Решение за почеток со работа на студиска програма: Стратегиски менаџмент (Битола)
- Деловник за работата на наставничкиот совет на БАС
- Правилник за прв циклус на студии
- Правилник за втор циклус на студии
- Етички кодекс на БАС
- Правилник за оценување
- Правилник за студентска пракса
- Правилник за диплома и додаток на диплома
- Правилник за ЕКТС
- Правилник за избор во звање
- Правилник за внатрешна организација и систематизација
- Правилник за плати и надоместоци
- Правилник за студирање на далечина
- Правилник за професионално усовршување и студирање пократко од три години
- Упатство за самоевалуација
- Извештај од четвртата самоевалуација
- Закон за заштита на укажувачи
ПРОЦЕДУРА ЗА ПРАВО НА ПРИСТАП И ИСПРАВКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА СУБЈЕКТИТЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Бизнис академија Смилевски – БАС во Скопје (во понатамошниот текст – Академија) во рамките на својот делокруг на работење, а со цел извршување на својата основна дејност во доменот на образованието и науката, врши собирање, чување и обработка на лични податоци.
Од аспект на заштита на обработката на личните податоци, БАС е Контролор на лични податоци, а Субјекти на лични податоци се кандидатите за запишување заради студирање на БАС, лицата кои имаат статус на запишани студенти или некогаш во минатото имале таков статус, лица кои се или биле вработени на БАС, како и лица кои се или биле надворешни соработници на БАС.
Процедурата ги опишува постапките за поднесување на барање од страна на субјектот на лични податоци за издавање на информации за обемот и целта на обработка на неговите лични податоци од страна на БАС, како и за промена, дополнување или бришење на дел од неговите лични податоци.
- извршување на работи од јавен интерес или на службено овластување на БАС или на трето лице на кое му се откриени податоците или
- исполнување на легитимните интереси на БАС, трето лице или лице на кое податоците му се откриени, освен ако слободите и правата на субјектот на лични податоци не преовладуваат над таквите интереси
- субјектот на лични податоци има право да побара запирање на обработката на неговите лични податоци.
Правата на субјектот на лични податоци утврдени во претходните точки можат да се ограничат во посебни случаи кога со нивното практикување ќе се загрози остварувањето на обврските на БАС предвидени со закон, и тоа:
- за заштита на безбедноста и одбраната на државата;
- заради откривање и гонење на сторители на кривични дела;
- заради заштита од повреда на етички правила на одредена професија;
- заради заштита на важни економски или финансиски интереси на државата;
- заради заштита на важни економски или финансиски интереси на Европската унија и
- заради заштита на правата и слободите на субјектот на лични податоци или правата на другите физички лица.
БАС нема да постапи по барањето за доставување на информации за обработка на личните податоци од страна на субјектот на лични податоци кога е овластен согласно со закон и ако личните податоци се обработуваат исклучиво во научно истражување или ако се собрани исклучиво за утврдени статистички цели и се чуваат за период што не го надминува периодот потребен за единствена цел за создавање на статистички податоци.
Кога податоците се прибираат од субјектот на лични податоци тој мора да биде информиран за:
- идентитетот на контролорот и неговиот овластен претставник во Република Северна Македонија, ако го има;
- целите на обработката;
- корисниците или категориите на корисници на личните податоци;
- задолжителноста на давање на одговори на прашања кои вклучуваат лични податоци;
- можните последици ако не се даде одговор и
- постоењето на право на пристап и право на исправка на неговите лични податоци.
Кога податоците не се прибираат од субјектот на лични податоци, Универзитетот во времето на евидентирање на личните податоци, а ако е предвидено личните податоци да бидат откриени на трето лице најдоцна до моментот кога податоците првпат се откриени, мора да го информира субјектот на лични податоци за:
- идентитетот на контролорот и неговиот овластен претставник во Република Северна Македонија, ако го има;
- целите на обработката;
- категориите на податоци;
- корисниците или категориите на корисници на личните податоци и
- постоењето на право на пристап и право на исправка на податоците што се однесуваат на субјектот на лични податоци.
БАС нема обврска да го информира субјектот на лични податоци, за обработка на личните податоци за историски, научни или статистички цели, ако:
- истото е невозможно или бара несразмерен напор или трошоци или
- собирањето односно откривањето на личните податоци е утврдено со закон.
- дали се врши обработка на неговите лични податоци;
- за целите и правната основа на обработката на личните податоци и корисниците или категориите на корисници на кои им се откриваат личните податоци;
- за личните податоци во врска со субјектот на личните податоци и изворот на податоци и
- за логиката на автоматизирана обработка, во случај на одлука донесена врз автоматска обработка, која има влијание врз субјектот на лични податоци.