Preaload Image

Често поставувани прашања

Подолу ќе го пронајдете одговорот на вашите прашања

Студирање и цени

Студирањето на БАС е по принципот - една цена за сé! Според тој принцип, цената на една година студии изнесува 1300ЕУР! Единствен дополнителен трошок е уписнината која изнесува 200ЕУР!
Во меѓусебен договор со БАС, вкупната школарина со вкалкулирани промоции и попусти може да се подели на рати по желба на студентот. Бројот на рати не треба да го надминува бројот на месеци на студирање.
Додипломските студии се со времетраење од три години или шест семестри, додека постдипломските студии се во времетраење од една година, односно 2 семестри.
Уписите и приемот на студенти во БАС траат преку целата година, пред почетокот на учебната година.
БАС прифаќа студенти од други високообразовни институции преку ЕКТС трансфер. Согласно законот за високото образование, кандидат може да трансферира до 50% ектс од стекнатите во контекст на програмата на која се врши трансферот.
Живеете во странство или далеку од Скопје или Битола, или пак имате нестандардно работно време? БАС нуди студии на далечина за овие случаи. Пишете ни за повеќе информации и условите за реализација на студирање на далечина.

Локации и други информации

БАС работи на две локации низ Р.С. Македонија, во Скопје и Битола. Локацијата во Скопје се наоѓа на адреса бул. Јане Сандански 111/2, во населба Аеродром (над супермаркетот ВЕРО). Во Битола, локацијата е на улица Херцег Нови бр.6 во населбата Довлеџик.
Во БАС повеќе од една деценија се употребуваат онлајн алатки за студирање (Moodle).

Не го најдовте одговорот на вашето прашање?