Preaload Image

БИЗНИС МЕНАЏМЕНТ

Додипломски студии

Студиската програма по Бизнис менаџмент обезбедува стручна основа за разбирање и развивање на истражувачкиот и аналитичкиот пристап на студентите кон учењето и практиката. Преку оваа студиска програма студентите ќе се стекнат со стручни компетенции од областа на бизнис менаџментот кои ќе може да ги применат во практика. Исто така, на студентите, преку оваа студиска програма, ќе им се овозможи запознавање на современите тенденции на менаџментот, ќе им се овозможи да ги развијат вештините за истражување и анализа на реалното опкружување, ќе стекнат способности за подобрување на конкурентноста на организациите, а исто така ќе развијат и професионален менаџерски однос кон своите вработени и повисокиот менаџмент.

Во склоп на оваа студиска програма, е втемелено и 10 годишното успешно искуство кое го има стекнато БАС при реализирање на студиската програма по Оперативен менаџмент, каде поголем дел од содржините се испреплетуваат во оваа програма по Бизнис менаџмент.

Структура на студиската програма по предмети и предавачи

1 | Семестар

ЕКТС: 7 ЕКТС

ВИД: Задолжителен предмет

Предметни наставници: Проф. д-р Маја Кузмановска, виш пред. д-р Дијана Ивановска Пржо

Водењето бизнис е умешност. Истовремено, водењето бизнис бара познавање на многу дисциплини, концепти, филозофии. Одлуката за започнување на бизнис е клучна. Бара многу истражување, анализи, посветеност, пожртвуваност, енергичност и храброст.

Токму во овој предмет ќе можете да го научите тоа „како“ да започнете свој бизнис. Ќе го разберете системот на пазарно стопанство и како тој систем функционира. Како база на секој современ бизнис ќе го сфатите значењето на слободното претприемање и формите на конкуренција. Секако дека е потребно знаење за изворите на финансирање и за ликвидноста. Ќе ги проучите трошоците и приходите.

Обезбедување на конкурентска предност е еден од врвните приорите на секој бизнис кој ќе обезбеди подобра позиција на пазарот. И на крај, како едно заокружување на процесот е ставена промоцијата и изборот на промотивни алатки кои ќе помогнат потрошувачите навремено да бидат информирани за сите активности и новости кои се преземаат.

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit. Ut elit tellus, luctus nec ullamcorper mattis, pulvinar dapibus leo.
Вовед во бизнис
243369795_390637749257852_235440412180356931_n

Данче Антиќ

Референт за студентски прашања
Artboard 43

Андријана Апостолова

Референт за студентски прашања