Preaload Image

Што сакам да бидам кога ќе пораснам?

Едно од прашањата кое ги мачи сите уште од најмала возраст. Некои не се сигурни дека ја одбрале правата професија дури и после 20 години работен стаж.

Четврта година средна школа е периодот кога се „кршат копјата“ и се носат животно важни одлуки. Секој матурант е во ситуација да одлучува што понатаму.

Ако си матурант тогаш ова се дел од прашањата кои те мачат:

  • Да запишам факултет или не?
  • Ако запишувам, на што да се запишам?
  • Каде е перспективата?
  • Која е платена професија?
  • Дали моите ќе се согласат со изборот?
  • Дали да студирам во МК или во странство?

Прашања има многу, но не сите имаат одговор. Барем не во моментот кога си го поставуваш прашањето.

Како високообразовна институција на која имаат дипломирано приближно 1000 студенти, ќе се обидеме да ти дадеме одговор на дел од прашњата.

Како прво, а можеби и најважно е да ги откриеш твоите преференци. За што те бива најмногу, што ти лежи и што би работел со задоволство и леснотија. Тоа е твојата пасија во животот.

 

Следно нешто што треба да анализираш е дали од твојата пасија можеш да живееш. Супер е човек да ја следи пасијата, но од нешто мора да се живее. Не сите пасии можат да се комерцијализираат на денешно време. Да речеме дека цел живот сонуваш да бидеш археолог. Сето тоа е супер, но дали и како би можел/а да го наплатиш тоа и да обезбедиш комфорен живот?

 

Друга многу важна работа е да откриеш што НЕ САКАШ да правиш во животот. Некои луѓе на пример обожаваат да се по цел ден во канцеларија, да работат со документи и никој да не им досаѓа. За други пак, ова е кошмар. Размисли сериозно што никако не сакаш да правиш во животот.

 

Истражувај. Откако ќе откриеш која сакаш да биде твојата професија направи детално истражување. Да речеме дека сакаш да студираш маркетинг. Испитај кои се високообразовни установи нудат студии по маркетинг; дали се акредитирани; начин на студирање; дали имаат соработка со компании каде ќе можеш полесно да се вработиш; кои професори предаваат; цена и начин на плаќање; мислења од студенти кои веќе дипломирале таму и сл. Сфаќаш на што мислиме.

 

Сподели ги твоите размислувања со родителите и друштвото. Има една поговорка која вели: „Сослушај го секого, а одлучи кого ќе послушаш“. Добро е да слушнеш различни мислења кои доаѓаат од различна перспектива. Многу е битно да ја добиеш што покомплетна слика за да донесеш права одлука.

 

Има уште многу ситници кои ќе ти помогнат да ја одбереш вистинската професија, но сметаме дека овие се најважните кои треба да ги земеш во предвид.

 

 

Со почит,

Тимот на БАС

Leave A Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *