Приказната на Бизнис Академија Смилевски - БАС

Концептот на БАС

Бизнис академијата Смилевски – БАС е Висока школа за професионални менаџери која го премостува јазот меѓу теоријата и реалниот деловен свет.

Академијата нуди акредитирани професионални студии по Оперативен и Маркетинг менаџмент на прв циклус и по Стратегиски менаџмент на втор циклус.
БАС користи сопствена методологија на настава која овозможува голема интеракција меѓу студентите и можности за активно експериментирање за забрзано стекнување компетенции за раководни позиции.
Континуираната пракса од еден ден неделно, обезбедена за редовните студенти во текот на целите студии отвора реални можности за активно усовршување при студирањето, но и ги зголемува шансите за прво вработување уште во текот на студиите.


Нашата Историја

  • Нова студиска програма: Маркетинг Менаџмент
  • Бас, Скопје нова локација
  • Бас, Битола, НоваЗграда
  • Бас започнува со настава
  • Бас започнува со настава
  • Бас започнува со настава
  • Се раѓа идејата за БАС

ПРЕДНОСТИ НА АКАДЕМИЈАТА

Академијата нуди акредитирани, практично и искуствено ориентирани, професионални студии по менаџмент. Додипломските студии се фокусираат на позиции од прво и второ менаџерско ниво: надзорници и раководители од среден менаџмент. Постдипломските студии подготвуваат извршни и проектни менаџери и консултанти по менаџмент.

Студентската пракса во БАС се одвива во целиот тек на студиите, а не само феријално во текот на летото. Од петте работни дена во неделата се изведуваат четири дена теоретско-практична настава, а еден ден неделно редовните студенти изведуваат пракса во партнерските организации на БАС.

Наставниот кадар на Академијата се бира по пат на темелна хабилитациска практична проверка на педагошките и обучувачките квалитети на секој од наставниците.

Наставата се изведува во групи до 18 студенти што овозможува развој и одржување на групната динамика во текот на наставата и се остава можност за директен пристап до секој студент, според неговите преференци на учење.

БАС е единствената високообразовна установа во Македонија во која односот помеѓу задолжителните и изборните предмети е 50:50. Со ваков принцип на работа, студентите имаат можност во поголема мера сами да си ги креираат своите студии.

Академијата нуди бесплатни електронски наставни материјали, можност за вонредно студирање, студии на далечина и трансфер на кредити од други високообразовни институции.

Посебен начин на студирање е Индивидуалното синергирање – менторска настава внимателно скроена според потребите на конкретниот кандидат. Овој вид на студии е развиен за да се излезе во пресрет на потребите на кандидатите кои веќе водат свои бизниси, а посетувањето на редовните студии им претставува потешкотија поради обемните обврски со нивниот бизнис.

Бизнис академијата Смилевски е Висока школа основана во 2007 година од страна на Проф. д-р Цветко Смилевски, експерт во областа на бизнисот, кој во 1991 година со својот ДЕТРА Центар ги постави основите на менаџерското образование во Македонија. Академијата нуди единствена професионална диплома на овие простори - дипломиран оперативен менаџер, со можност за избор на некој од потпрофилите внимателно избрани според најчесто бараните професии во земјата: комерцијалист, деловен секретар, претприемач, спортски менаџер и естраден менаџер. За кандидатите за менаџерски позиции во сферата на маркетингот, додипломските студии по Маркетинг менаџмент овозможуваат стекнување професионални компетенции за комерцијално работење, социјални медиуми, маркетинг на граѓански организации или маркетинг на активен туризам. Постдипломските студии на БАС се во полето на Стратегискиот менаџмент. Студентите на вториот циклус можат да одбираат од шестте програмски модули: Стратегиско водство, консалтинг менаџмент, проектен менаџмент, менаџмент во културата, менаџмент на човечки ресурси, менаџмент на големи настани.

Секој наш студент е своја приказна и свој пат.

Посветени сме да ги откриеме вистинскиот потенцијал и афинитети на секој од нив, необидувајќи се да подгреваме лажни надежи за нереална иднина. Нашата менторска поддршка има единствена цел да ги извади на површина и засили оние интереси и способности на нашите студенти кои ќе ги водaт кон за нив најдобрата иднина.

Веруваме дека сите вложувања се враќаат. Дека секого го бидува за нешто и дека секој може да го најде своето место во животот. Она што нас нè сплотува е непосредниот пријателски однос и взаемните доверба и почит.

Веруваме дека тие се јадрото на успехот на сите современи организации. Нив безусловно ги вгнездуваме во етиката на нашите студенти.

Веруваме дека различностите се предност и дека нивното здружување повеќекратно го зголемува успехот.

Веруваме дека проблемите се двигател на развојот и дека секој проблем е решлив.

Ги охрабруваме грешките бидејќи тие нè носат до вистинска умешност.

Постојано ги усовршуваме нашите програми и начини на студирање и внимателно ги приспособуваме на реалноста во земјата. Нудиме применливи вештини и овозможуваме услови за практична работа во вистинскиот деловен свет за секој наш студент.

Веруваме дека умешноста најлесно се стекнува во безбедна и пријатна средина. Затоа и игрите се неизоставен дел од нашето заедничко патување кон професионалната умешност.