Уписи 2017/2018

Врз основа на член 108 од Законот за Високото образование (Сл. весник на Р.М. бр.35/08, 103/08, 26/09, 83/09, 99/09, 115/10, 17/11, 51/11, 123/11, 15/13, 24/13, 41/14, 116/14, 130/14, 10/15, 20/15, 98/15, 145/15, 154/15 и 30/16), врз основа на член 71 од Статутот на Академијата, врз основа на член 12 од Правилникот за условите критериумите, постапката и правилата за запишување и студирање на прв циклус на студии (пречистен текст од 28.10.2013 година) и член 10 од Правилникот за условите, критериумите, постапката и правилата за запишување на втор циклус на студии (пречистен текст од 02.09.2014 година),

БИЗНИС АКАДЕМИЈАТА СМИЛЕВСКИ - БАС

распишува

Конкурс за запишување на студенти на прв и втор циклус на студии во студиската 2017/2018 година

Бизнис академијата Смилевски – БАС е Висока школа за професионални менаџери која го премостува јазот меѓу теоријата и реалниот деловен свет.

Академијата нуди акредитирани професионални студии по Оперативен и Маркетинг менаџмент на прв циклус и по Стратегиски менаџмент на втор циклус.
БАС користи сопствена методологија на настава која овозможува голема интеракција меѓу студентите и можности за активно експериментирање за забрзано стекнување компетенции за раководни позиции.
Континуираната пракса од еден ден неделно, обезбедена за редовните студенти во текот на целите студии отвора реални можности за активно усовршување при студирањето, но и ги зголемува шансите за прво вработување уште во текот на студиите.

Пополни ја пријавата веднаш!

Услови и критериуми за запишување на прв циклус на студии

  • Право на запишување на прв циклус на студии имаат кандидати кои положиле државна или меѓународна матура. Доколку на конкурсот за запишување на студенти на прв циклус на студии во првиот уписен рок не се јави доволен број на кандидати кои имаат положено државна или меѓународна матура, право на упис во вториот и третиот уписен рок имаат и кандидатите кои имаат положено училишна матура во гимназиско образование или завршен испит по завршено средно стручно образование со четиригодишно времетраење. Право на запишување имаат и кандидатите кои завршиле средно образование пред воведувањето на матурата, односно пред 2007/2008 година. Право на запишување имаат и кандидатите кои имаат завршено средно образование во странство со претходна нострификација на дипломата од страна на Министерството за образование и наука на Р. Македонија.
  • Право на запишување имаат и студенти од други високообразовни установи, како и дипломирани лица по посебна постапка на трансфер на кредити, односно признавање на претходно положени испити - кредити.
  • Школарината по семестар изнесува 750 евра (6 семестри) и се плаќа на две еднакви рати: при запишувањето на семестарот и до крајот на истиот или на повеќе рати (до 6 месечни рати) во договор меѓу студентот и Академијата. Во школарината се вклучени сите трошоци на студирањето, како што се трошоците за наставата, учебниците, учебните помагала, материјалите, колоквиумите, испитите, користење на библиотека, административни документи (потврди, уверенија за положени испити и сл.).
  • Право на запишување на прв циклус на студии имаат кандидати кои од оправдани причини не се во можност да се запишат како редовни студенти за што се приложува соодветна документација во која се наведува причината за вонредно студирање, под целосна лична одговорност. Академијата ја утврдува оправданоста на причините за вонредно студирање.
  • Вонредните студенти се запишуваат според исти услови и критериуми како и редовните студенти.
  • Право на запишување на прв циклус на студии имаат кандидати од други високообразовни установи, како и дипломирани лица со посебна постапка на трансфер на кредити, односно признавање на претходно положените испити - кредити.
  • Студентите со трансфер на кредити од други високообразовни установи се запишуваат според истите услови и критериуми како редовните студенти.
  • При пријавувањето кандидатите задолжително треба да достават и доказ за претходно положените испити од другата/другите високообразовни установи (исписница, уверение за положени испити).
  • Школарината за кандидатите со трансфер на кредити од други високообразовни установи се намалува во однос на признатите (трансферираните) кредити. Вредноста на 1 ЕКТС е 25 евра во денарска противвредност.
  • Право на запишување на студенти по системот студирање на далечина имаат лица кои ги исполнуваат условите за редовни, односно вонредни студенти, а заради одделеченоста или други причини, утврдени со Правилникот за условите, критериумите, постапката и правилата за студирање на далечина за студентите од прв и втор циклус на студии на БАС, се спречени да посетуваат настава на една од двете локации на БАС. Овие кандидати треба да се во работен однос или да се работно ангажирани повеќе од еден месец, да не живеат во местото или во близина каде се изведува настава (Скопје и Битола), да е инвалидно лице, да е на подолго боледување од најмалку еден месец. За сите причини кандидатот поднесува барање и соодветен доказ за спреченоста на редовното следење на настава. Студентите што ќе студираат на далечина добиваат статус на вонреден студент. Реализацијата на студиите ќе се одвива според Правилникот за условите, критериумите, постапката и правилата за студирање на далечина за студентите од прв и втор циклус на студии на БАС.

Услови и критериуми за запишување на втор циклус на студии

  • Право на запишување на втор циклус на студии имаат кандидати со завршени студиски програми од прв циклус со тригодишно или четиригодишно времетраење завршени во Р. Македонија или надвор од Р. Македонија со претходна нострификација на дипломата од страна на Министерството за образование и наука на Р. Македонија.
  • Право на запишување имаат и студенти на втор циклус на студии на други високообразовни установи, како и дипломанти од втор циклус по посебна постапка на трансфер на кредити.
  • Право на запишување на студенти по системот студирање на далечина на втор циклус на студии имаат лица кои ги исполнуваат условите за студирање на втор циклус на студии, а заради оддалеченоста или други причини се спречени да ја посетуваат наставата на една од двете локации на БАС. Овие кандидати треба да се во работен однос или да се работно ангажирани повеќе од еден месец, да не живеат во местото или во близина каде се изведува настава (Скопје и Битола), да е инвалидно лице, да е на подолго боледување од најмалку еден месец. За сите причини кандидатот поднесува барање и соодветен доказ за спреченоста на редовното следење на настава.
  • Школарината за кандидатите кои имаат завршено тригодишни додипломски студии изнесува 500 евра во денарска противвредност по триместар (6 триместри) и се плаќа на почетокот од секој триместар. Постои можност за плаќање школарината на повеќе рати во договор меѓу студентот и Академијата. Во школарината се вклучени сите обврски кон Академијата, како што се трошоците за наставата, учебниците, учебните помагала, материјалите, користење на библиотека и останатите административни трошоци. При трансфер на кредити или запишување на дополнителни изборни предмети, цената на 1 ЕКТС изнесува 25 Евра во денарска противвредност.
  • Право на запишување на втор циклус на студии имаат кандидати од други високообразовни установи, како и дипломирани лица со посебна постапка на трансфер на кредити, односно признавање на претходно положените испити - кредити.
  • Студентите со трансфер на кредити од други високообразовни установи се запишуваат според истите услови и критериуми како редовните студенти.
  • При пријавувањето кандидатите задолжително треба да достават и доказ за претходно положените испити од другата/другите високообразовни установи (исписница, уверение за положени испити).
  • Школарината за кандидатите со трансфер на кредити од други високообразовни установи се намалува во однос на признатите (трансферираните) кредити. Вредноста на 1 ЕКТС е 25 евра во денарска противвредност.

Рокови за пријавување и запишување

  • ПРВ УПИСЕН РОК (Пријавување на кандидати) - до 18.08.2017
  • ПРВ УПИСЕН РОК (Запишување на студенти) - 24 и 25 Август 2017
  • ВТОР УПИСЕН РОК (Пријавување на кандидати) - до 01.09.2017
  • ВТОР УПИСЕН РОК (Запишување на студенти) - 06 и 07 Септември 2017
  • ТРЕТ УПИСЕН РОК (Пријавување на кандидати) - до 15.09.2017
  • ТРЕТ УПИСЕН РОК (Запишување на студенти) - 21 и 22 Септември 2017
  • ПРВ УПИСЕН РОК (Пријавување на кандидати) - до 01.09.2017
  • ПРВ УПИСЕН РОК (Запишување на студенти) - 06 и 07 Септември 2017
  • ВТОР УПИСЕН РОК (Пријавување на кандидати) - до 20.10.2017
  • ВТОР УПИСЕН РОК (Запишување на студенти) - 26 и 27 Октомври 2017
  • ТРЕТ УПИСЕН РОК (Пријавување на кандидати) - до 18.01.2018
  • ТРЕТ УПИСЕН РОК (Запишување на студенти) - 25 и 26 Јануари 2017


Потребни документи* за упис

*Сите долунаведени документи (освен за странските државјани) може да бидат доставени во оригинална форма или нотарски заверена копија

Редовни студенти на прв циклус на студии
  • Диплома за положена државна матура/училишна матура/завршен испит, односно за завршено средно образование
  • Свидетелства од сите години од средно образование
  • Извод од Матична книга на родените
  • Уверение за државјанство
  • Додаток на свидетелство за завршна година на образование (Важи за кандидатите кои завршиле четиригодишно средно образование од учебната 2016/2017 година)
  • Копија од уплатница за уплатена уписнина во висина од 12.000денари
Вонредни студенти на прв циклус на студии
  • Диплома за положена државна матура/училишна матура/завршен испит, односно за завршено средно образование
  • Свидетелства од сите години од средно образование
  • Извод од Матична книга на родените
  • Уверение за државјанство
  • Доказ за спреченост за редовно посетување на настава (потврда за вработено лице, М1/М2 образец)
  • Копија од уплатница за уплатена уписнина во висина од 12.000денари
Студенти со трансфер на прв циклус на студии
  • Пријава за запишување
  • Диплома за положена државна матура/училишна матура/завршен испит, односно за завршено средно образование
  • Свидетелства од сите години од средно образование
  • Извод од Матична книга на родените
  • Уверение за државјанство
  • Уверение за положени испити или Исписница од претходната високообразовна установа
  • Доказ за спреченост за редовно посетување на настава
    (*Важи само за студенти кои се запишуваат на студирање на далечина и за вонредни студенти)
  • Копија од уплатница за уплатена уписнина во висина од 12.000денари
Студенти со трансфер на втор циклус на студии
  • Пријава за запишување
  • Диплома за завршен прв циклус на студии и документи за остварувањата по дипломирањето
  • Извод од Матична книга на родените
  • Уверение за државјанство
  • Уверение за положени испити или Исписница од претходната високообразовна установа
  • Копија од уплатница за уплатена уписнина во висина од 12.000денари
Студент странски државјанин на прв циклус на студии
  • Пријава за запишување
  • Решение за привремен престој во Р. Македонија издадено од страна на МВР на РМ
  • Решение за нострификација на дипломата за завршено средно образование издадено од Министерството за образование и наука во РМ
  • Диплома за завршено средно образование (Апостил печат на дипломата за земјите потписнички на Хашката конвенција, а за останатите печат од Министерството за надворешни работи)
  • Оригинални свидетелства за секоја завршена година и превод од овластен судски преведувач заверен на Нотар
  • Оригинален извод од матичната книга на родените со превод од овластен судски преведувач заверен на Нотар
  • Оригинално државјанство со превод од овластен судски преведувач заверен на Нотар
  • Фотокопија од важечка патна исправа (пасош) заверена на Нотар
  • Лекарско уверение за општата и психофизичката здравствена состојба на кандидатот издадено од овластено медицинско лице преведена на македонски јазик и со уредна нотарска заверка (HIV и HEPATITIS C статус) не постара од 6 месеци
  • Сертификат/потврда/диплома за познавање на македонски јазик и други документи во случај на потреба и по барање на Академијата во зависност од специфичноста на конкретен случај
  • Уплатница за уплатена уписнина во висина од 12.000денари
Студент странски државјанин на втор циклус на студии
  • Пријава за запишување
  • Решение за привремен престој во Р. Македонија издадено од страна на МВР на РМ
  • Решение за нострификација на дипломата за завршено високо образование (прв циклус на студии)издадено од Министерството за образование и наука во РМ
  • Оригинална диплома за завршено високо образование - прв циклус на студии со апостил печат на дипломата за земјите потписнички на Хашката конвенција, а за останатите печат од Министерството за надворешни работи
  • Превод од дипломата од овластен судски преведувач заверен на Нотар
  • Оригинален извод од матичната книга на родените со превод од овластен судски преведувач заверен на Нотар
  • Оригинално државјанство со превод од овластен судски преведувач заверен на Нотар
  • Фотокопија од важечка патна исправа (пасош) заверена на Нотар
  • Лекарско уверение за општата и психофизичката здравствена состојба на кандидатот издадено од овластено медицинско лице преведена на македонски јазик и со уредна нотарска заверка (HIV и HEPATITIS C статус) не постара од 6 месеци
  • Сертификат/потврда/диплома за познавање на македонски јазик и други документи во случај на потреба и по барање на Академијата во зависност од специфичноста на конкретен случај
  • Уплатница за уплатена уписнина во висина од 12.000денари