Студии по стратегиски менаџмент!

Едногодишни специјалистички студии (60 ЕКТС) за стекнување професионални компетенции за менаџерски позиции од највисоките нивоа на менаџментот.

СТРАТЕГИСКИ МЕНАЏЕР

Стратегискиот менаџер е одговорен за креирањето и дизајнот на визијата и општата слика за работењето на организацијата.

Студиската програма по стратегиски менаџмент обезбедува стручни знаења за студентите од соодветната област. Со нејзиното завршување студентите може да се стекнат со 60 ЕКТС кредити и назив на образовната квалификација Специјалист по стратегиски менаџмент.

Студиската програма е составена од 7 (седум) наставни предмети од кои 5 (пет) се задолжителни наставни предмети, а 2 (два) се изборни наставни предмети. Во рамките на студиската програма, студентите имаат обврска да изработат специјалистички труд. Со завршувањето на наставните предмети и успешната одбрана на специјалистичкиот труд се завршува оваа студиска програма.

Пополни ја пријавата веднаш!

*Пријавата отпечатена и потпишана од кандидатот за упис, се доставува на една од двете локации на студии во Скопје или Битола.

Целосна студиска програма!

*.pdf (572кб)

Предметни програми!

*.pdf (900кб)

Диплома: Специјалист по стратегиски менаџмент

60 ЕКТС