Сакаш ли да студираш современо, практично
и веднаш применливо?

КОНКУРС ЗА СТИПЕНДИИ 2017

Високата школа за менаџмент – Бизнис академијата Смилевски – БАС (www.bas.edu.mk) објавува Конкурс за доделување на стипендии за редовни студенти за Додипломските студии по Оперативен менаџмент за генерацијата 2017/2018 година.

За кандидатите кои ќе аплицираат за оваа студиска програма, Академијата обезбедува стипендии во вкупна вредност од 40.000ЕУР. Стипендиите се во висина од 20% до 90% од вкупната школарина (4500ЕУР), а се доделуваат во зависност од конечното рангирање на кандидатите.

Стипендиите ќе се распределат врз основа на резултатите од спроведеното тестирање за познавања од областа на Менаџмент и Бизнис.

Тестирањето ќе се спроведе восабота, 29 април 2017г, со почеток во 10:00ч., во просториите на Академијата во Скопје и Битола.

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ:

Кандидатите кои ќе конкурираат за една од стипендиите за додипломските студии по Оперативен менаџмент треба да ги исполнат следните услови:

  • Да се државјани на Република Македонија
  • Да се на возраст од 17-22 години
  • Да се матуранти или да имаат завршено средно образование
  • Да ги приложат побараните документи во апликацијата (оригинал/фотокопија), на денот на тестирањето
  • Да пополнат и поднесат пријава за учество на конкурсот.

Пријави се овде:

Пополни ја пријавата веднаш!


Кандидатите со најдобри резултати од тестирањето ќе бидат повикани на завршно интервју во Академијата.

РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ:

Краен рок за пријавување на кандидатите е петок, 28 април 2017 година, до 21:00 часот.

Дополнителни информации на телефон 02 245 57 54 или на 047 225 218.