Школарина и услови на студирање

Студирање без скриени трошоци

Како до најквалитетно образование преку најповолни услови?

Школарината е само еден дел од сите трошоци за студирање. Во текот на студирањето тука се трошоците за книги и материјали, за скриптите и компендиумите, за пријавувањето испити и запишувањето семестри и што уште не.

Но, БАС, познат по својата непосредност и флексибилност кон своите клиенти, ги укина сите дополнителни трошоци за студирање и ги вклучи во една, единствена школарина. Сѐ останато е бесплатно или со други зборови - Нема скриени трошоци!


Школарина на рати

Преку можноста за рати се приближува студирањето секому.

Бесплатно пријавување на испити

БАС не го наплаќа пријавувањето на испити.

Бесплатни материјали за студирање

Сите скрипти, учебници, електронски книги и користењето на библиотечниот фонд се целосно бесплатни.

Бесплатна заверка на семестар и година

Без никакви трошоци за заверка на семестарот или студиската година. Наше е да ви овозможиме да научите и ги положите испитите.


Додипломски студии€750

за семестар или 1500€ една студиска година

Запиши се веднаш
  • Обем на студии: Обемот на двете студиски програми изнесува 180 ЕКТС. Школарината на целите студии изнесува 4500€ во денарска противредност
  • Единствени дополнителни трошоци: 200€ уписнина со која се покрива запишувањето и административното водење на студентот во текот на студиите.
  • Трансфер на ЕКТС: За кандидатите со трансфер на кредити од други високообразовни установи се врши пребивање на вредноста на стекнатите кредити од вкупната школарина според цената на еден ЕКТС (25€)
  • Академијата не наплаќа други средства во текот на студиите.
  • Постои можност за плаќање на месечни рати.

Постдипломски студии€500

за триместар или 1500€ за една студиска година

Запиши се веднаш
  • Обем на студии: Постдипломските студии по Стратегиски менаџмент се во обем од 120ЕКТС. Школарината за целите студии изнесува 3000€ во денарска противвредност.
  • Едногодишни специјалистички студии: Школарината за едногодишните специјалистички студии за кандидати со стекнати 240ЕКТС на прв циклус на студии изнесува вкупно 2000€ во денарска противвредност..
  • Единствени дополнителни трошоци: 200€ уписнина со која се покрива запишувањето и административното водење на студентот во текот на студиите.
  • Академијата не наплаќа други средства во текот на студиите.
  • Постои можност за плаќање на месечни рати.

Потребни документи за запишување

Додипломски студии

Кандидатите за упис на додипломските студии е потребно да приложат:

Пополнета пријава за упис

Сo клик на горниот линк можете да ја преземете пријавата за запишување.

Извод од матична книга на родените

Диплома за завршено средно образование

Свидетелства од четирите години средно образование

Формулар М1-М2 или потврда за работно ангажирање

Само за вонредни студенти.

Уверение за државјанство

Постдипломски студии

Кандидатите за упис на постдипломските студии е потребно да приложат:

Пополнета пријава за упис

Сo клик на горниот линк можете да ја преземете пријавата за запишување.

Извод од матична книга на родените

Диплома за завршен прв циклус на студии

Уверение за државјанство

*Сите документи се доставуваат во оригинал или нотарски заверени копии