Континуирана пракса во успешни компании во текот на додипломските студии!
ВИСТИНСКО ПРАКТИЧНО РАБОТНО ИСКУСТВО
УШТЕ ДОДЕКА СТУДИРАШ
БАС е единствената високообразовна установа во Северна Македонија која обезбедува континуирана пракса за своите студенти, од еден ден неделно, во текот на целата тригодишна студиска програма.
Едно од најважните нешта што не’ разликува од останматите високообразовни институции во земјата е пристапот кон обезбедувањето на континуирана пракса за нашите студенти. „Подготвеност за работа од првиот работен ден“ и „Надминување на јазот помеѓу теоријата и праксата“ се нашите движечки девизи во секојдневната работа, а праксата е најважниот елемент што го овозможува тоа.
Внимателно ги избираме партнерските организации кадешто нашите студенти реализираат пракса. Уште поголемо внимание посветуваме на изборот и обуката на БАС-менторите во тие организации, затоа што не можеме било кому да ја довериме одговорноста за професионалниот развој на студентите. Постојано наоѓаме нови организации кои се отворени за прием и вклучување на студентите во професионалната работа. Покрај неопходното менаџерско искуство, нашите БАС-ментори се посветени, трпеливи кон студентите и несебично го споделуваат своето знаење.
Во текот на студирањето секој студент поминува повеќе од 100 дена практична настава во најмалку 10 различни партнерски организации. Целта на овој процес е секој студент да се запознае и вклучи во работата на повеќе организации за да дознае и разбере како функционираат различни типови на организации и да ги открие своите преференци, т.е во која област од менаџментот најмногу се пронаоѓа.
Како резултат на ова постојано присуство во реалниот деловен свет, повеќе од 80% од дипломираните студенти се вработуваат за време на студиите или уште во првата година по дипломирањето!
Организација на теренската студентска практика (ТСП)
Теренската студентска практика на БАС се спроведува во три различни форми и тоа: