Постдипломски студии по Стратегиски менаџмент

Студии за сопственици, претприемачи и генерални менаџери!

Практично базирани интензивни едногодишни или двегодишни постдипломски студии по Стратегиски менаџмент со фокус на активно групно учење преку дискусии и размена на искуства од справувањето со стратешки организациски предизвици.

Диплома: MBA – СПЕЦИЈАЛИСТ ПО СТРАТЕГИСКИ МЕНАЏМЕНТ
120ЕКТС

Начин на студирање

Академијата користи автентична дидактика на ефективна академска настава втемелена на андрагошките принципи на искуственото учење на возрасните. Содржините од наставната програма се обработуваат низ реални проблемски студии на случаи од македонското деловно секојдневие. Наставата е организирана во триместри со цел да се обезбеди сукцесија на меѓусебноповрзаните содржини од задолжителните и изборните предмети. Со ваквата динамика се овозможува поголема концентрација и интензивирање на студирањето, што е особено корисно при работа со возрасни студенти со деловно искуство кои се целната група на оваа студиска програма.

Основна и дополнителна литература за втор циклус на студии.

Пополни ја пријавата веднаш!

*Пријавата отпечатена и потпишана од кандидатот за упис, се доставува на една од двете локации на студии во Скопје или Битола.

ПОВОЛНИ УСЛОВИ ЗА СТУДЕНТИТЕ

Мали наставни групи, работа на реални студии на случаи и размена на лични искуства, забрзано консекутивно студирање во попладневните часови. Можност за полагање до два испити месечно. Посебни услови за кандидати со завршени четиригодишни додипломски студии.

Трансфер на кредити од други високообразовни установи

Академијата врши трансфер на кредити стекнати на други високообразовни установи на сродни студиски програми. Вредноста на трансферираните кредити се одбива од вкупната школарина за студиската програма.