БАС

Новости за Бизнис Академија Смилевски - БАС

Конкурс за избор на наставници за наставни предмети и ре-избор на наставник во наставна област

Врз основа на член 64 и член 131 од Законот за високото образование, член 36 од Статутот и член 9 од Правилникот за критериумите и постапката за избор во наставни и соработнички звања на Бизнис академијата Смилевски – БАС, 

Академијата, распишува

КОНКУРС

ЗА ИЗБОР НА НАСТАВНИЦИ ЗА НАСТАВНИ ПРЕДМЕТИ И РЕ-ИЗБОР НА НАСТАВНИК ВО НАСТАВНА ОБЛАСТ

Избор на наставници во насловно звање во дополнителен работен однос:

  1. Еден наставник за наставниот предмет Култура на исхрана (Скопје);
  2. Еден наставник за наставниот предмет Цивилизации (Скопје);
  3. Еден наставник за наставниот предмет Балканистика (Скопје и Битола);
  4. Еден наставник за наставниот предмет Вовед во филозофија (Битола);
  5. Еден наставник за наставниот предмет Математика за бизнис (Скопје);

Ре-избор на наставник во насловно звање во дополнителен работен однос:

  1. Еден наставник за наставната област Економија и маркетинг (Битола);

Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови за избор и ре-избор наставници на висока стручна школа според Законот за високото образование, Статутот и Правилникот за критериумите и постапката за избор во наставни и соработнички звања на Академијата. Основните и дополнителните критериуми за избор и ре-избор, како и информации поврзани со текот на постапката за избор и ре-избор може да ги најдете на следниов линк: http://bas.edu.mk/dl/vaznidokumenti/PravilnikZaIzborVoZvanje.pdf

Во зависност од звањето во кое кандидатите ќе бидат избрани, истите ќе бидат ангажирани според потребите на Академијата, а врз основа на нивниот ангажман и изборот во звање ќе добијат соодветен паричен надоместок. Изборот ќе се изврши во рок од најмногу 6 месеци од денот на објавување на конкурсот.

Кандидатите потребно е да поднесат: пријава, биографија, мотивационо писмо, доказ за завршено соодветно образование, уверение за државјанство, список на објавени стручни и научни трудови, по еден примерок од трудовите, како и други документи значајни за изборот. Документите може да се достават по e-mail на danielakaradakov@gmail.com , по пошта или лично во БАС, на бул. Јане Сандански бр.111/2-1, 1000 Скопје. Лице за контакт: Даниела Карадаков, danielakaradakov@gmail.com, 02/2455-754.

Конкурсот трае до 16 март 2018 година.