БАС

Новости за Бизнис Академија Смилевски - БАС

Покана: Јавна дебата во БАС-Битола

Почитувани,

Бизнис академија Смилевски, заедно со БАС Институтот за менаџмент и Младинскиот културен центар од Битола, ве покануваат за учество на јавна дебата со наслов: Одржливост на граѓанските организации преку јакнење на индивидуалните и организациските капацитети.

Датумот на одржување на дебатата е 14 Јуни 2016 година, вторник, а почетокот е закажан во 12:00 часот.

Локацијата на одржување е конференциската сала во Бизнис академијата Смилевски во Битола, која се наоѓа на четвртиот кат.

Како главни говорници на тематиката, кои се врвни и искусни во своите полиња ги издвојуваме:

  • Проф. д-р Цветко Смилевски, тема: Социјалниот маркетинг и одржливост на граѓанските организации;
  • Д- р Сашо Додовски, тема: Без експертиза и едукација за менаџирање на граѓанските организации - нема успех;

Доколку имате било какви прашања поврзани со дебатата, ве молиме обратете ни се преку нашиот формулар за контакт на вебсајтот - контакт, или на мејл bas@bas.edu.mk.