Конкурс за трансфер на кредити и запишување на студенти на прв и втор циклус на студии во студискат
Врз основа на Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за формата и начинот на водењето (во материјална и електронска форма) и содржина на матичната книга на запишани студенти и главната книга на дипломирани студенти (Службен весник на Р.М. бр.3/12),
Бизнис академијата Смилевски – БАС, го распишува следиов
К О Н К У Р С
за трансфер на кредити и запишување на студенти на прв и втор циклус на студии во студиската 2017/2018 година
Право на трансфер на кредити имаат:
- Студентите кои истовремено студираат на повеќе студиски програми од различни специјалности и изучуваат дополнителни курсеви;
- Студентите кои ги продолжуваат студиите на друга високообразовна установа, доколку високообразовната установа на која биле запишани престане да работи;
- Студентите кои побрзо напредуваат во студиите;
- Студентите кои преминуваат од една на друга високообразовна установа, односно од едни на други студиски програми и насоки или во иста високообразовна установа и притоа ги користат погодностите на кредит системот;
- Студентите кои ги продолжуваат студиите што ги прекинале под услови утврдени со Статутот на Академијата;
- Странски студенти;
- Студенти кои од оправдани причини не успеале да се запишат при првиот термин на затворање на матичната книга на запишани студенти (причини: болест, при што се приложува лекарска белешка, смрт на потесен член на семејството, при што се приложува извод од матичната книга на умрените, незавршена постапка за нострификација на свидетелства и дипломи стекнати во странство).
Потребни документи:
- Пријава за упис – може да ја добиете во БАС;
- Барање за трансфер на кредити – може да го добиете во БАС;
- Исписница или уверение за положени испити од високообразовната установа од кадешто ќе се врши трансферот на кредити;
- Диплома за завршено четиригодишно средно образование (оригинал или копија заверена на нотар);
- Свидетелства од сите класови од средно образование (оригинал или копии заверени на нотар);
- Извод од матичната книга на родените (оригинал или копија заверена на нотар);
- Уверение за државјанство (оригинал или копија заверена на нотар);
- Документ за доказ на оправданите причини за запишување при второто затворање на матичната книга на запишани студенти, доколку студентот се запишува според некои од тие услови;
Доставувањето на документите може да биде лично или по пошта во Скопје (бул. Јане Сандански бр.111/2) или во одделението за дисперзирани студии на БАС во Битола (ул. Херцег нови бр.6).
Рокот за доставување на потребната документација е заклучно со 09.02.2018 година.
Школарината за студирање ќе зависи, односно ќе се намали согласно бројот и вредноста на трансферираните кредити.
За сите дополнителни информации може да се обратите на:
Тел: 02/2455-754; 047/225-218
E-mail: bas@bas.edu.mk