Конкурс за избор и ре-избор наставници за повеќе наставни области
Врз основа на член 64 и член 131 од Законот за високото образование, член 36 од Статутот и член 9 од Правилникот за критериумите и постапката за избор во наставни и соработнички звања на Бизнис академијата Смилевски – БАС,
Академијата, распишува
КОНКУРС
ЗА ИЗБОР И РЕ-ИЗБОР НА НАСТАВНИЦИ ЗА СЛЕДНИВЕ НАСТАВНИ ОБЛАСТИ, ГРУПИ НА НАСТАВНИ ПРЕДМЕТИ И НАСТАВНИ ПРЕДМЕТИ
Избор на наставник во наставно звање во постојан работен однос:
- Еден наставник за наставната област Оперативен менаџмент (Скопје);
Избор на наставници во насловно звање во дополнителен работен однос:
- Еден наставник за наставниот предмет Култура на исхрана (Скопје);
- Еден наставник за наставниот предмет Цивилизации (Скопје);
- Еден наставник за наставниот предмет Балканистика (Скопје и Битола);
- Еден наставник за наставниот предмет Вовед во филозофија (Битола);
Ре-избор на наставници во насловно звање во дополнителен работен однос:
- Еден наставник за групата наставни предмети: Стратегиско водство, Синергирање, Напредно преговарање, Деловно преговарање, Интерперсонални деловни вештини (Скопје);
- Еден наставник за наставниот предмет: Стратегиски менаџмент (Битола);
Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови за избор и ре-избор наставници на висока стручна школа според Законот за високото образование, Статутот и Правилникот за критериумите и постапката за избор во наставни и соработнички звања на Академијата. Основните и дополнителните критериуми за избор и ре-избор, како и информации поврзани со текот на постапката за избор и ре-избор може да ги најдете на следниов линк: http://bas.edu.mk/dl/vaznidokumenti/PravilnikZaIzborVoZvanje.pdf
Во зависност од звањето во кое кандидатите ќе бидат избрани, истите ќе бидат ангажирани според потребите на Академијата, а врз основа на нивниот ангажман и изборот во звање ќе добијат соодветен паричен надоместок. Изборот ќе се изврши во рок од најмногу 6 месеци од денот на објавување на конкурсот.
Кандидатите потребно е да поднесат: пријава, биографија, мотивационо писмо, доказ за завршено соодветно образование, уверение за државјанство, список на објавени стручни и научни трудови, по еден примерок од трудовите, како и други документи значајни за изборот. Документите може да се достават по e-mail на danielakaradakov@gmail.com, по пошта или лично во БАС, на бул. Јане Сандански бр.111/2-1, 1000 Скопје.
Лице за контакт: Даниела Карадаков, danielakaradakov@gmail.com, 02/2455-754.
Конкурсот трае до 12 јануари 2018 година.