Конкурс за избор и ре-избор на наставници
Врз основа на член 64 и член 131 од Законот за високото образование, член 36 од Статутот и член 9 од Правилникот за критериумите и постапката за избор во наставни и соработнички звања на Бизнис академијата Смилевски – БАС,
Академијата, распишува
КОНКУРС
ЗА ИЗБОР И РЕ-ИЗБОР НА НАСТАВНИЦИ ЗА СЛЕДНИВЕ НАСТАВНИ ОБЛАСТИ, ГРУПИ НА НАСТАВНИ ПРЕДМЕТИ И НАСТАВНИ ПРЕДМЕТИ
Избор на наставници во наставно звање во постојан работен однос:
- Еден наставник за наставната област Претприемаштво (Скопје);
Избор на наставници во насловно звање во дополнителен работен однос:
- Еден наставник во лекторско звање за наставната област Англиски јазик (Битола);
- Двајца наставници за наставната област Менаџмент во култура (Скопје и Битола);
- Еден наставник за групата наставни предмети: Виртуелни организации и Симулациони бизнис игри (Битола);
- Еден наставник за наставниот предмет Култура на исхрана (Скопје);
- Еден наставник за наставниот предмет Социологија (Скопје);
- Еден наставник за наставниот предмет Цивилизации (Скопје);
- Еден наставник за наставниот предмет Балканистика (Скопје);
- Еден наставник за наставниот предмет Напредно одлучување (Скопје);
- Еден наставник за наставниот предмет Деловна етика (Битола);
- Еден наставник за наставниот предмет Вовед во филозофија (Битола);
Ре-избор на наставници во наставно звање во постојан работен однос:
- Еден наставник за наставната област Претприемаштво (Скопје);
- Еден наставник за наставната област Консалтинг менаџмент (Скопје);
Ре-избор на наставници во дополнителен работен однос:
- Еден наставник за наставната област Информатика и математика (Битола);
- Еден наставник за групата наставни предмети: Локална самоуправа и Локален економски развој (Скопје и Битола);
Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови за избор и ре-избор наставници на висока стручна школа според Законот за високото образование, Статутот и Правилникот за критериумите и постапката за избор во наставни и соработнички звања на Академијата. Кандидатите кои се во избор, потребно е да поминат хабилитациона постапка за избор при која кандидатот ќе демонстрира практикување на наставно-обучувачката методика на Академијата.
Во зависност од звањето во кое кандидатите ќе бидат избрани, истите ќе бидат ангажирани според потребите на Академијата, а врз основа на нивниот ангажман и изборот во звање ќе добијат соодветен паричен надоместок. Изборот ќе се изврши во рок од најмногу 6 месеци од денот на објавување на конкурсот.
Кандидатите потребно е да поднесат: пријава, биографија, мотивационо писмо, доказ за завршено соодветно образование, уверение за државјанство, список на објавени стручни и научни трудови и по еден примерок од трудовите. Документите може да се достават по e-mail на danielakaradakov@gmail.com, по пошта или лично во БАС, на бул. Јане Сандански бр.111/2-1, 1000 Скопје. Лице за контакт: Даниела Карадаков, danielakaradakov@gmail.com, 02/2455-754.
Конкурсот трае 8 дена од денот на објавувањето.