БАС

Новости за Бизнис Академија Смилевски - БАС

Конкурс за запишување на студенти на прв и втор циклус на студии во студиската 2017/2018г.

Врз основа на член 108 од Законот за Високото образование (Сл. весник на Р.М. бр.35/08, 103/08, 26/09, 83/09, 99/09, 115/10, 17/11, 51/11, 123/11, 15/13, 24/13, 41/14, 116/14, 130/14, 10/15, 20/15, 98/15, 145/15, 154/15 и 30/16), врз основа на член 71 од Статутот на Академијата, врз основа на член 12 од Правилникот за условите критериумите, постапката и правилата за запишување и студирање на прв циклус на студии (пречистен текст од 28.10.2013 година) и член 10 од Правилникот за условите, критериумите, постапката и правилата за запишување на втор циклус на студии (пречистен текст од 02.09.2014 година),

 

БИЗНИС АКАДЕМИЈАТА СМИЛЕВСКИ – БАС распишува

К О Н К У Р С

за запишување студенти на прв и втор циклус на студии во студиската 2017/2018 година

I. БРОЈ НА СТУДЕНТИ

Број на студенти на прв циклус на студии:

Број на студенти на втор циклус на студии:

Студиска програма на прв циклус на студии

Редовни студенти

Вонредни студенти

Вкупно студенти

ВКУПНО

 

Студиска програма на втор циклус на студии

Постдипломци

Вкупно студенти

ВКУПНО

Скопје

Битола

Скопје

Битола

Скопје

Битола

Скопје

Битола

Скопје

Битола

Дипломиран оперативен менаџер

36

36

36

36

72

72

144

МБА – Специјалист по стратегиски менаџмент

30

30

30

30

60

II. УСЛОВИ И КРИТЕРИУМИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА БАС

1) УСЛОВИ И КРИТЕРИУМИ ЗАПИШУВАЊЕ НА ПРВ ЦИКЛУС НА СТУДИИ (ДОДИПЛОМСКИ СТУДИИ)

А) Запишување на редовни студенти

1. Право на запишување на прв циклус на студии имаат кандидати кои положиле државна или меѓународна матура.

Доколку на конкурсот за запишување на студенти на прв циклус на студии во првиот уписен рок не се јави доволен број на кандидати кои имаат положено државна или меѓународна матура, право на упис во вториот и третиот уписен рок имаат и кандидатите кои имаат положено училишна матура во гимназиско образование или завршен испит по завршено средно стручно образование со четиригодишно времетраење.

Право на запишување имаат и кандидатите кои завршиле средно образование пред воведувањето на матурата, односно пред 2007/2008 година.

Право на запишување имаат и кандидатите кои имаат завршено средно образование во странство со претходна нострификација на дипломата од страна на Министерството за образование и наука на Р. Македонија.

2. Право на запишување имаат и студенти од други високообразовни установи, како и дипломирани лица по посебна постапка на трансфер на кредити, односно признавање на претходно положени испити - кредити.

3. Школарината по семестар изнесува 750 евра (6 семестри) и се плаќа на две еднакви рати: при запишувањето на семестарот и до крајот на истиот или на повеќе рати (до 6 месечни рати) во договор меѓу студентот и Академијата. Во школарината се вклучени сите трошоци на студирањето, како што се трошоците за наставата, учебниците, учебните помагала, материјалите, колоквиумите, испитите, користење на библиотека, административни документи (потврди, уверенија за положени испити и сл.).

Б) Запишување на вонредни студенти

1. Право на запишување на прв циклус на студии имаат кандидати кои од оправдани причини не се во можност да се запишат како редовни студенти за што се приложува соодветна документација во која се наведува причината за вонредно студирање, под целосна лична одговорност. Академијата ја утврдува оправданоста на причините за вонредно студирање.

2. Вонредните студенти се запишуваат според исти услови и критериуми како и редовните студенти.

В) Запишување на студенти со трансфер на кредити од други високообразовни установи

1. Право на запишување на прв циклус на студии имаат кандидати од други високообразовни установи, како и дипломирани лица со посебна постапка на трансфер на кредити, односно признавање на претходно положените испити - кредити.

2. Студентите со трансфер на кредити од други високообразовни установи се запишуваат според истите услови и критериуми како редовните студенти.

3. При пријавувањето кандидатите задолжително треба да достават и доказ за претходно положените испити од другата/другите високообразовни установи (исписница, уверение за положени испити).

4. Школарината за кандидатите со трансфер на кредити од други високообразовни установи се намалува во однос на признатите (трансферираните) кредити. Вредноста на 1 ЕКТС е 25 евра во денарска противвредност.

Г) Запишување на студенти на далечина

1. Право на запишување на студенти по системот студирање на далечина имаат лица кои ги исполнуваат условите за редовни, односно вонредни студенти, а заради одделеченоста или други причини, утврдени со Правилникот за условите, критериумите, постапката и правилата за студирање на далечина за студентите од прв и втор циклус на студии на БАС, се спречени да посетуваат настава на една од двете локации на БАС. Овие кандидати треба да се во работен однос или да се работно ангажирани повеќе од еден месец, да не живеат во местото или во близина каде се изведува настава (Скопје и Битола), да е инвалидно лице, да е на подолго боледување од најмалку еден месец. За сите причини кандидатот поднесува барање и соодветен доказ за спреченоста на редовното следење на настава. Студентите што ќе студираат на далечина добиваат статус на вонреден студент. Реализацијата на студиите ќе се одвива според Правилникот за условите, критериумите, постапката и правилата за студирање на далечина за студентите од прв и втор циклус на студии на БАС (може да се најде на интернет страницата на БАС).

Д) Запишување на студенти странски државјани

1. На прв циклус на студии може да се запишат студенти странски државјани под услови утврдени со Закон, Статут и други нормативни акти на БАС.

Ѓ) Документи за пријавување:

1. Диплома за положена државна матура/за положена училишна матура /за положен завршен испит, односно за завршено средно образование (оригинал или нотарска заверка);

2. Свидетелства од сите години од средно образование (оригинал или нотарска заверка);

3. Додаток на свидетелство за завршена година на образование (важи за кандидатите кои завршиле четиригодишно средно образование од учебната 2016/2017 година);

3. Извод од матичната книга на родените (оригинал или нотарска заверка);

4. Уверение за државјанство (оригинал или нотарска заверка);

5. Пополнета пријава за запишување на БАС (може да се најде на интернет страницата на БАС http://bas.edu.mk/dl/PrijavaPrvCiklus.pdf);

6. Уверение за положени испити или Исписница од претходната високообразовна установа (важи само за студентите кои се запишуваат со трансфер на кредити од други високообразовни установи);

7. Доказ за спреченост за редовно посетување на настава (важи само за студентите кои се запишуваат на студирање на далечина и за вонредни студенти).

8. Дополнителни документи за студенти странски државјани (Решение за привремен престој во Р. Македонија издадено од страна на Министерството за внатрешни работи на РМ, решение за нострификација на дипломата за завршено средно образование издадено од Министерството за образование и наука во РМ, диплома за завршено средно образование (апостил печат на дипломата за земјите потписнички на Хашката конвенција, а за останатите печат од Министерството за надворешни работи), оригинални свидетелства за секоја завршена година и превод на свидетелствата од овластен судски преведувач заверен на Нотар, оригинал извод од матичната книга на родените со превод од овластен судски преведувач заверен на Нотар, оригинал државјанство со превод од овластен судски преведувач заверен на Нотар, фотокопија од важечка патна исправа (пасош) заверена на Нотар, лекарско уверение за општата и психофизичката здравствена состојба на кандидатот издадено од овластено медицинско лице преведена на македонски јазик и со уредна нотарска заверка (HIV и HEPATITIS C статус) не постара од 6 месеци, сертификат/ потврда/ диплома за познавање на македонски јазик и други документи во случај на потреба и по барање на Академијата во зависност од специфичноста на конкретен случај).

9. Уплатница за уплатена уписнина во висина од 12.000ДЕН.

Документите се доставуваат лично, во Скопје (бул. Јане Сандански бр.111/2) или во Одделението за дисперзирани студии на БАС во Битола (ул.Херцег Нови бр.6) секој ден од понеделник до петок од 08:00 до 17:00 часот.

Е) Времетраење на студиите:

Студирањето трае 6 (шест) семестри, освен за кандидатите со трансфер на кредити од други високообразовни установи, каде времетраењето на студирањето зависи од бројот на трансферираните кредити.

По дипломирањето, студентите се стекнуваат со диплома за високо образование со наслов Дипломиран оперативен менаџер (Bachelor). Покрај акредитираната диплома, кандидатите добиваат додаток на диплома со опис на изборните модули или предмети и останатите остварувања во текот на студиите.

ВАЖНИ НАПОМЕНИ:

  • Конкурсот за запишување на прв циклус на студии ќе се измени, дополни и усогласи за студиската програма Маркетинг менаџмент (по која е добиено Решение за акредитација од Одборот за акредитација и евалуација на високото образование), веднаш по добивањето на Решението за исполнетост на условите (почеток со работа) од страна на Министерството за образование и наука.

2) УСЛОВИ И КРИТЕРИУМИ ЗАПИШУВАЊЕ НА ВТОР ЦИКЛУС НА СТУДИИ (ПОСТДИПЛОМСКИ СТУДИИ)

А) Услови и критериуми за запишување на втор циклус на студии (постдипломски студии)

1. Право на запишување на втор циклус на студии имаат кандидати со завршени студиски програми од прв циклус со тригодишно или четиригодишно времетраење завршени во Р. Македонија или надвор од Р. Македонија со претходна нострификација на дипломата од страна на Министерството за образование и наука на Р. Македонија.

2. Право на запишување имаат и студенти на втор циклус на студии на други високообразовни установи, како и дипломанти од втор циклус по посебна постапка на трансфер на кредити.

3. Право на запишување на студенти по системот студирање на далечина на втор циклус на студии имаат лица кои ги исполнуваат условите за студирање на втор циклус на студии, а заради оддалеченоста или други причини се спречени да ја посетуваат наставата на една од двете локации на БАС. Овие кандидати треба да се во работен однос или да се работно ангажирани повеќе од еден месец, да не живеат во местото или во близина каде се изведува настава (Скопје и Битола), да е инвалидно лице, да е на подолго боледување од најмалку еден месец. За сите причини кандидатот поднесува барање и соодветен доказ за спреченоста на редовното следење на настава.

4. Школарината за кандидатите кои имаат завршено тригодишни додипломски студии изнесува 500 евра во денарска противвредност по триместар (6 триместри) и се плаќа на почетокот од секој триместар. Постои можност за плаќање школарината на повеќе рати во договор меѓу студентот и Академијата.

Вкупната школарина за кандидатите кои имаат завршено четиригодишни додипломски студии изнесува 500 евра во денарска противвредност по триместар (4 триместри) и се плаќа на почетокот од секој триместар. Постои можност за плаќање школарината на повеќе рати во договор меѓу студентот и Академијата. .

Во школарината се вклучени сите обврски кон Академијата, како што се трошоците за наставата, учебниците, учебните помагала, материјалите, користење на библиотека и останатите административни трошоци. При трансфер на кредити или запишување на дополнителни изборни предмети, цената на 1 ЕКТС изнесува 25 Евра во денарска противвредност.

Б) Документи за пријавување:

1. Диплома за завршен прв циклус на студии и документи за остварувањата по дипломирањето (оригинал или нотарска заверка).

2. Извод од матичната книга на родените (оригинал или нотарска заверка).

3. Уверение за државјанство (оригинал или нотарска заверка).

4. Пополнета пријава за запишување на БАС (може да се најде на интернет страницата на БАС http://bas.edu.mk/dl/PrijavaVtorCiklus.pdf);

5. Уверение за положени испити или Исписница од претходната високообразовна установа (важи само за студентите кои се запишуваат со трансфер на кредити од други високообразовни установи);

6. Доказ за спреченост за редовно посетување на настава (важи само за студентите кои се запишуваат на студирање на далечина).

7. Дополнителни документи за студенти странски државјани (Решение за привремен престој во Р. Македонија издадено од страна на Министерството за внатрешни работи на РМ, Решение за нострификација на дипломата за завршено високо образование (прв циклус на студии) од Министерството за образование и наука на РМ, Оригинална диплома за завршено високо образование – прв циклус на студии со апостил печат на дипломата за земјите потписнички на Хашката конвенција, а за останатите печат од Министерството за надворешни работи, превод од дипломата од овластен судски преведувач заврен на Нотар, оригинал извод од матичната книга на родените со превод од овластен судски преведувач заверен на Нотар, оригинал државјанство со превод од овластен судски преведувач заверен на Нотар, фотокопија од важечка патна исправа (пасош) заверена на Нотар, лекарско уверение за општата и психофизичката здравствена состојба на кандидатот издадено од овластено медицинско лице преведена на македонски јазик и со уредна нотарска заверка (HIV и HEPATITIS C статус) не постара од 6 месеци, сертификат/ потврда/ диплома за познавање на македонски јазик и други документи во случај на потреба и по барање на Академијата во зависност од специфичноста на конкретен случај).

8. Уплатница за уплатена уписнина во висина од 12.000ДЕН.

Документите се доставуваат лично, во Скопје (бул. Јане Сандански бр.111/2) или во Одделението за дисперзирани студии на БАС во Битола (ул.Херцег Нови бр. 6) секој ден од понеделник до петок од 08:00 до 17:00 часот.

В) Времетраење на студиите

Студирањето трае 6 (шест) триместри. За кандидати со завршени четиригодишни студии од прв циклус студирањето трае 4 триместри. За кандидатите со трансфер на кредити од други високообразовни установи времетраењето на студиите зависи од бројот на трансферираните кредити.

По дипломирањето, студентите се стекнуваат со диплома за завршен втор циклус на студии – MBA (Master of Business Administration) – Специјалист по стратегиски менаџмент. Покрај акредитираната диплома, кандидатите добиваат додаток на диплома со опис на изборните модули или предмети и останатите остварувања во текот на студиите.

III. РОКОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ И ЗАПИШУВАЊЕ

РОКОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ И ЗАПИШУВАЊЕ

 

Прв циклус на студии

 

Втор циклус на студии

Прв уписен рок

Втор уписен рок

Трет уписен рок

Прв уписен рок

Втор уписен рок

Трет уписен рок (1)

Пријавување на кандидати

 

до 18.08.2017

до 01.09.2017

до 15.09.2017

 

до 01.09.2017

до 20.10.2017

до 18.01.2018

Запишување на студенти

 

24 и 25 август 2017

6 и 7 септември 2017

21 и 22 септември 2017

6 и 7 септември 2017

26 и 27 октомври 2017

25 и 26 јануари 2018

  1. Доколку не се пополнети конкурсните квоти на втор циклус на студии и доколку постојат услови за отпочнување на настава во пролетниот триместар на БАС, тогаш студенти ќе може да се запишуваат и во третиот уписен рок на втор циклус на студии. На третиот уписен рок на втор циклус на студии ќе може да се запишат студенти кои ги исполнуваат условите утврдени со Правилникот за изменување и дополнување на правилникот за формата и начинот на водењето (во материјална и електронска форма) и содржина на матичната книга на запишани студенти и главната книга на дипломирани студенти.
  2. Во случај да се пријават поголем број на кандидати од бројот предвиден во Конкурсот и доколку Академијата оцени дека се исполнуваат условите за запишување, тогаш Наставничкиот совет и Генералниот менаџер на Академијата може да одлучат да примат 20% повеќе студенти од предвидениот број во Конкурсот.

ВАЖНО: За оние студенти кои ќе се пријават најдоцна до 16.06.2017 година следува 10% попуст на вкупната школарина за студирање.

Повеќе информации на www.bas.edu.mk , bas@bas.edu.mk или на 02/2455-754, 047/225-218