Конкурс за избор и ре-избор на наставници во насловно звање
Врз основа на член 64 и член 131 од Законот за високото образование, член 36 од Статутот и член 9 од Правилникот за критериумите и постапката за избор во наставни и соработнички звања на Бизнис академијата Смилевски – БАС,
Академијата, распишува
КОНКУРС
ЗА ИЗБОР И РЕ-ИЗБОР НА НАСТАВНИЦИ ВО НАСЛОВНО ЗВАЊЕ ЗА СЛЕДНИВЕ НАСТАВНИ ОБЛАСТИ, НАСТАВНИ ПРЕДМЕТИ И ГРУПИ НА НАСТАВНИ ПРЕДМЕТИ
- Ре-избор на наставник во насловно звање за наставната област Проектен менаџмент (Скопје);
- Избор и ре-избор на наставници во насловно звање за наставната област Италијански јазик (Скопје и Битола);
- Избор и ре-избор на наставници во насловно звање за наставната област Германски јазик (Скопје и Битола);
- Ре-избор и избор на наставници во насловно звање за наставната област Англиски јазик (Скопје и Битола);
- Избор на наставник во насловно звање за наставната област Информатика и Математика;
- Ре-избор на наставник во насловно звање за групата наставни предмети: Социологија, Цивилизации, Деловно и трудово право (Скопје и Битола );
- Избор на наставник во насловно звање за групата наставни предмети: Социологија, Цивилизации, Балканистика (Скопје);
- Избор и ре-избор на наставници во насловно звање за групата наставни предмети: Спортски менаџмент, Оперативно менаџирање на објекти за забава и спорт (Скопје и Битола);
- Избор и ре-избор на наставници во насловно звање за групата наставни предмети: Проценка на спортска изведба, Планирање и менаџирање на спортски настани (Скопје и Битола);
- Избор на наставник во насловно звање за наставниот предмет Култура на исхрана (Скопје);
- Избор на наставник во насловно звање за групата наставни предмети: Вовед во филозофија, Деловна етика, Етика во спортот и спортско право (Битола);
- Избор на наставник во насловно звање за групата наставни предмети: Односи со јавност, Однесување на учесниците на забавни настани, Дизајнирање и продажба на забавни настани (Скопје);
- Избор на наставници во насловно звање за групата наставни предмети: Виртуелни организации, Симулациони бизнис игри (Скопје и Битола);
- Избор на наставник во насловно звање за наставниот предмет Менаџерско лобирање (Скопје);
Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови за избор и ре-избор наставници на висока стручна школа според Законот за високото образование, Статутот и Правилникот за критериумите и постапката за избор во наставни и соработнички звања на Академијата и во претходна хабилитациона постапка да демонстрираат предиспозиции за клиентски ориентирана наставна и обучувачка работа.
Во зависност од звањето во кое кандидатите ќе бидат избрани, истите ќе бидат ангажирани според потребите на Академијата и врз основа на нивниот ангажман ќе добијат соодветен паричен надоместок.
Кандидатите потребно е да поднесат: пријава, биографија, мотивационо писмо, доказ за завршено соодветно образование, список на објавени стручни и научни трудови.
Кандидатите документите може да ги достават по e-mail на danielakaradakov@gmail.com, по пошта или лично во БАС, на бул. Јане Сандански бр.111/2-1, 1000 Скопје.
Конкурсот трае 8 дена од денот на објавувањето.