БАС

Новости за Бизнис Академија Смилевски - БАС

Резултати од конкурсот за стипендии на БАС 2017 година

Бизнис академијата Смилевски - БАС, со огромно задоволство ја објавува конечната ранг листа на стипендисти за 2017-та година. По извршените тестирања и интервјуа за стипендии, на финалната ранг листа се најдоа 31 кандидат кои освоија една од бројните стипендии во износ помеѓу 30 и 90% од вкупната школарина за трите години на студирање на програмата Оперативен Менаџмент на БАС. Ранг листата можете да ја погледнете на овој линк: http://bas.edu.mk/stipendii2017.phpa a за сите дополнителни информации ве молиме обратете се преку контакт формата на сајтот или пак на телефонските броеви на одделенијата во Скопје или Битола.

БАС упатува честитки до сите кандидати, а истовремено ги потсетуваме сите заинтересирани за студирање модерно, практично и професионално дека промотивната квота со 10% попуст на школарината важи за сите пријавени и запишани студенти до 16-ти Јуни, па затоа, пополнете ја пријавата за упис уште денес! Пријавата можете да ја најдете на следниот линк (Пријава за прв циклус) или на било која од двете локации на студирање.