БАС

Новости за Бизнис Академија Смилевски - БАС

Известување за студентите на БАС - Скопје и Битола

Почитувани студенти,

 

Ве известуваме дека согласно член 119 став 4 од Законот за високото образование, по завршената уписна постапка потребно е да Ви ги вратиме документите од Вашето завршено претходно образование. Академијата веќе ги започна активностите со поединечно телефонско известување на секој од Вас.

Секој од Вас има обврска најдоцна до четврток 23.02.2017 година до 12:00 часот да ги подигне своите документи од седиштето на БАС во Скопје (за оние студенти кои студираат во Скопје) и од седиштето на БАС во Битола (за оние студенти кои студираат во одделението за дисперзирани студии во Битола).

При подигнување на документите имате обврска да потпишете потврда со која се потврдува дека сте ги подигнале документите и дека истите ви се вратени од страна на Академијата.

Доколку имате прашања во врска со постапката можете да се обратите кај референтите за студентски прашања.