БАС

Новости за Бизнис Академија Смилевски - БАС

БАС Конференција - Современите менаџерски предизвици и организациските науки

Во Битола, од 04 – 06 Ноември 2016 година, се одржа четвртата Меѓународна научна конференција „Современите менаџерски предизвици и организациските науки“ со посебен тематски фокус „Преку организациска интеграција, до поголема ефективност“.
Покрај БАС Институтот за менаџмент Битола и Бизнис Академијата Смилевски БАС Скопје, соорганизатори на оваа конференција се и Центарот за Развој на Пелагонискиот плански регион и Здружението на економисти и менаџери на Балканот, со седиште во Белград, Србија.
Над 120 автори од земјата, Турција, Бугарија, Белгија, Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово учествуваа со свои трудови, презентирани во четири одделни секции.
За време на овој значаен академски собир беа потпишани и два Меморандуми за соработка со: Високата стручна школа за туризам од Белград, Србија, како и со Европската висока школа за економија и менаџмент од Пловдив, Бугарија.
Посебно задоволство кај присутните предизвика и одржувањето на обучувачката работилницата: MBTI типологија на личноста; Идентификување на својот и препознавање на типот на личноста на соработниците (задавање и фидбек на MBTI); Цик-цак моделот на ефективно одлучување во тимската работа – пред. м-р Горазд Смилевски;