Април 2016 | Одбрани на специјалистички (master) трудови
Ве известуваме дека во месец април 2016 година ќе се одржат следниве јавни одбрани на мастер трудови:
- Гоце Јованоски - „Улогата на брендирањето во градењето на конкурентската предност во производна организација" - 19.04.2016 година (вторник) со почеток во 13:00 часот во одделението на Бизнис академија Смилевски - БАС во Битола;
- Јасминка Николова - „Воведувањето на нов производ како начин за надминување на кризи" - 20.04.2016 година (среда) со почеток во 13:00 часот во одделението на Бизнис академија Смилевски - БАС во Битола;
- Александра Димовска Андреевски - „Проектниот менаџмент во заштита на градителското наследство" - 26.04.2016 година (вторник) со почеток во 13:00 часот во одделението на Бизнис академија Смилевски - БАС во Битола;
- Жарко Трајков - „Фактори кои влијаат на изведбата на центрите за социјална работа во Р. Македонија" - 28.04.2016 година (четврток) со почеток во 12:00 часот во БАС во Скопје