НАСТАН - Предуписно кафе во БАС
На само 10 дена пред почетокот на студиската година!
Дознај од прва рака се’ што те интересира во врска со додипломските и постдипломските студии по менаџмент на БАС!
Во пријатна и опуштена атмосфера, со горко или благо кафе по избор, слушнете и прашајте се' што сакате да знаете за БАС.
Содржина и тек на акредитираните студиски програми и можните кариерни патеки за кои се подготвуваат нашите дипломци и специјалисти.
Начини на студирање - редовни, вонредни, студии на далечина, бесплатен трансфер на кредити стекнати на други високообразовни установи и синергирано (индивидуално) студирање /coaching/.
Детален преглед на методологијата на настава и учење за редовните, вонредните и студентите на далечина.
Презентација на начините на плаќање, понудени попусти, студентско кредитирање и поволности за вработените во партнерските организации на Академијата.
Приказ и објаснување на Едногодишната програма за Надзорнички менаџмент.
Поканата е отворена за сите заинтересирани кандидати.
Информирај се и одлучи!