БАС

Новости за Бизнис Академија Смилевски - БАС

Конкурс за избор и ре-избор на наставници во насловно звање

Бас Лого

Врз основа на член 64 и член 131 од Законот за високото образование, член 36 од Статутот и член 9 од Правилникот за критериумите и постапката за избор во наставни и соработнички звања на Бизнис академијата Смилевски – БАС, 
Академијата, распишува

КОНКУРС

ЗА ИЗБОР И РЕ-ИЗБОР НА НАСТАВНИЦИ ВО НАСЛОВНО ЗВАЊЕ ЗА СЛЕДНИВЕ НАСТАВНИ ОБЛАСТИ, НАСТАВНИ ПРЕДМЕТИ И ГРУПИ НА НАСТАВНИ ПРЕДМЕТИ

  1. Избор на наставници во лекторско звање за наставната област Англиски јазик (Скопје и Битола);
  2. Избор на наставник во лекторско звање за наставната област Италијански јазик (Скопје);
  3. Избор на наставници во лекторско звање за наставната област Германски јазик (Скопје и Битола);
  4. Избор на наставници во насловно звање за наставната област Проектен менаџмент (Скопје и Битола);
  5. Избор на наставник во насловно звање за групата наставни предмети: Компјутерска писменост 1, Компјутерска писменост 2, Напредни компјутерски вештини, Менаџерски информациони системи и Информатика во комерцијално работење (Скопје);
  6. Избор на наставник во насловно звање за групата наставни предмети: Вовед во филозофија и Деловна етика (Битола );
  7. Избор на наставник во насловно звање за групата наставни предмети: Социологија, Цивилизации и Балканистика (Скопје);
  8. Избор на наставник во насловно звање за наставниот предмет: Математика за бизнис (Скопје);
  9. Ре-избор на наставник во насловно звање за наставниот предмет Интегрирано маркетиншко комуницирање на големи настани (Битола);

Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови за избор и ре-избор наставници на висока стручна школа според Законот за високото образование, Статутот и Правилникот за критериумите и постапката за избор во наставни и соработнички звања на Академијата и во претходна хабилитациона постапка да демонстрираат предиспозиции за клиентски ориентирана наставна и обучувачка работа.

Во зависност од звањето во кое кандидатите ќе бидат избрани, истите ќе бидат ангажирани според потребите на Академијата и врз основа на нивниот ангажман ќе добијат соодветен паричен надоместок.

Кандидатите потребно е да поднесат: пријава, биографија, мотивационо писмо, доказ за завршено соодветно образование, список на објавени стручни и научни трудови.

Кандидатите документите може да ги достават по e-mail на danielakaradakov@gmail.com, по пошта или лично во БАС, на бул. Јане Сандански бр.111/2-1, 1000 Скопје.

Конкурсот трае 8 дена од денот на објавувањето.

*Конкурсот е објавен во дневниот весник Нова Македонија на 31.08.2016 година.