БАС

Новости за Бизнис Академија Смилевски - БАС

Натпревар за целосна стипендија за Спортски Менаџмент

Банер за емисијата полн погодок.

Бизнис академијата Смилевски-БАС и спортската емисија „Полн погодок“ организираат натпревар за доделување на една ЦЕЛОСНА СТИПЕНДИЈА  во висина од 4700евра за изборниот модул по спортски менаџмент на БАС.

Сите заинтересирани треба да испратат есеј на тема: „Зошто спорт и зошто спортски менаџмент?“ на и-мејлот polnpogodok@bas.edu.mk најдоцна до 15.08.2016 година.

Пристигнатите есеи ќе бидат разгледани од стручно жири, а најдобрите 10 ќе продолжат во финалето на натпреварот кое ќе се емитува во емисијата „Полн погодок“ каде што стручното жири ќе го одбере победникот. Членови на жирито се:

  • Марјан Спасески- Директор на Агенција за млади и спорт
  • Панче Ќумбев- Претсетадел на синдикат на фудбалери на Р.М.
  • Ненад Дафинчевски- координатор за теренска студентска практика на БАС

ВЕРУВАЈ ВО СЕБЕ и пријави се!

Повеќе информации во врска со натпреварот можете да дознаете на официјалниот спот: