БАС

Новости за Бизнис Академија Смилевски - БАС

Конкурс за запишување на студенти на прв и втор циклус на студии во студиската 2019/2020 година до

БАС Лого

Врз основа на Правилникот за формата и начинот на водењето (во материјална и електронска форма) и содржина на матичната книга на запишани студенти и главната книга на дипломирани студенти (Службен весник на Р.Македонија бр.102/18 и 245/18),

Приватната непрофитна високообразовна установа самостојна висока стручна школа Бизнис академија Смилевски - БАС, го распишува следиов

 

 

К О Н К У Р С
за запишување на студенти на прв и втор циклус на студии

во студиската 2019/2020 година до второ затворање на
матична книга на запишани студенти

I. БРОЈ НА СЛОБОДНИ МЕСТА

1) БРОЈ НА СЛОБОДНИ МЕСТА КОИ МОЖАТ ДА СЕ ЗАПИШАТ СТУДЕНТИ НА ПРВ ЦИКЛУС НА СТУДИИ НА БАС

На тригодишната студиска програма по БИЗНИС МЕНАЏМЕНТ на прв циклус на студии на БАС има преостанато вкупно 25 слободни места на кои може да се запишат студенти во седиштето на БАС во Скопје и во одделението за дисперзирани студии на БАС во Битола.

2) БРОЈ НА СЛОБОДНИ МЕСТА НА КОИ МОЖАТ ДА СЕ ЗАПИШАТ СТУДЕНТИ НА ВТОР ЦИКЛУС НА СТУДИИ НА БАС

На едногодишната студиска програма по СТРАТЕГИСКИ МЕНАЏМЕНТ на втор циклус на студии на БАС има преостанато вкупно 12 слободни места на кои може да се запишат студенти во седиштето на БАС во Скопје и во одделението за дисперзирани студии на БАС во Битола.

II. УСЛОВИ И КРИТЕРИУМИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА БАС

По првото затворање на матичната книга, до второто затворање на матичната книга може да се запишат студенти на прв или на втор циклус на студии на БАС кои:

  • Истовремено студираат на повеќе студиски програми од различни специјалности и изучуваат дополнителни курсеви;
  • Побрзо напредуваат во студиите;
  • Ги продолжуваат студиите на друга високообразовна установа ако високообразовната установа на која биле запишани престанала да работи;
  • Преминуваат од една на друга високообразовна установа, односно од една на друга студиска програма и насока или во иста високообразовна установа и притоа ги користат погодностите на кредит системот;
  • Ги продолжуваат студиите што ги прекинале под услови определени со Статутот на БАС;
  • Странски студенти;
  • Студенти кои од оправдани причини не успеале да се запишат во матичната книга при првиот термин на затворање. За оправдани причини се сметаат:
    • Болест, за што студентот доставува отпусна листа, односно отпусно писмо од болничко лекување за период на времетраење на терминот за запишување;
    • Смрт на потесен член од семејството, за што студентот доставува извод од матичната книга на умрените;
    • Незавршена постапка за нострификација на свидетелства и дипломи стекнати во странство.

Кандидатите за запишување треба да ги исполнат и основните услови и критериуми за запишување наведени во Конкурсот за запишување на студенти на прв и втор циклус на студии на БАС во студиската 2019/2020 година Линк до конкурсот

III. ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

  1. Диплома за положена државна матура или меѓународна матура (оригинал или нотарска заверка);
  2. Свидетелства од сите години од средно образование (оригинал или нотарска заверка);
  3. Додаток на свидетелство за завршена година на образование (важи за кандидатите кои завршиле четиригодишно средно образование од учебната 2016/2017 година);
  4. Извод од матичната книга на родените (оригинал или нотарска заверка);
  5. Уверение за државјанство (оригинал или нотарска заверка);
  6. Пополнета пријава за запишување на БАС (може да се најде на интернет страницата на БАС http://bas.edu.mk/dl/PrijavaPrvCiklus.pdf );
  7. Уверение за положени испити или Исписница од претходната високообразовна установа (важи само за студентите кои се запишуваат со трансфер на кредити од други високообразовни установи);
  8. Доказ за спреченост за редовно посетување на настава (важи само за студентите кои се запишуваат како вонредни студенти).
  9. Дополнителни документи за студенти странски државјани (Решение за привремен престој во Р. С. Македонија издадено од страна на Министерството за внатрешни работи на РСМ, решение за нострификација на дипломата за завршено средно образование издадено од Министерството за образование и наука во РСМ, диплома за завршено средно образование (апостил печат на дипломата за земјите потписнички на Хашката конвенција, а за останатите печат од Министерството за надворешни работи), оригинални свидетелства за секоја завршена година и превод на свидетелствата од овластен судски преведувач заверен на Нотар, оригинал извод од матичната книга на родените со превод од овластен судски преведувач заверен на Нотар, оригинал државјанство со превод од овластен судски преведувач заверен на Нотар, фотокопија од важечка патна исправа (пасош) заверена на Нотар, лекарско уверение за општата и психофизичката здравствена состојба на кандидатот издадено од овластено медицинско лице преведена на македонски јазик и со уредна нотарска заверка (HIV и HEPATITIS C статус) не постара од 6 месеци, сертификат/ потврда/ диплома за познавање на македонски јазик и други документи во случај на потреба и по барање на БАС во зависност од специфичноста на конкретен случај).
  10. Документи за доказ за спреченоста за запишување при првото затворање на матичната книга на запишани студенти (важи само за студентите кои од оправдани причини не успеале да се запишат во матичната книга при првиот термин на затворање).
  11. Барање за трансфер на кредити (важи за студентите кои: ги продолжуваат студиите на друга високообразовна установа ако високообразовната установа на која биле запишани престанала да работи; преминуваат од една на друга високообразовна установа, односно од една на друга студиска програма и насока или во иста високообразовна установа и притоа ги користат погодностите на кредит системот; ги продолжуваат студиите што ги прекинале под услови определени со Статутот на БАС);
  12. Уплатница за уплатена уписнина во висина од 12.000ДЕН.

Документите се доставуваат лично, во просториите каде ќе се реализира студиската програма, односно, во седиштето на БАС во Скопје на бул. Јане Сандански бр.111/2 или во Одделението за дисперзирани студии на БАС во Битола на ул.Херцег Нови бр. 6, секој ден, од понеделник до петок, од 08:00 до 17:00 часот.

Рокот за доставување на потребната документација е заклучно со 07.02.2020 година (понеделник).

Школарината за студирање ќе зависи од бројот и вредноста на трансферираните кредити.

ВАЖНО: За сите пријавени студенти БАС обезбедува и 20% попуст на вкупната висина на утврдената школарина.

Запишувањето на студентите ќе се изврши по претходно добиена писмена согласност од страна на министерството надлежно за работите на високото образование.

За сите дополнителни информации може да се обратите на:

Тел: 02/2455-754; 047/225-218

E-mail: bas@bas.edu.mk