Конкурс за трансфер на кредити и запишување на студенти на прв и втор циклус на студии во студискат
Врз основа на Правилникот за формата и начинот на водењето (во материјална и електронска форма) и содржина на матичната книга на запишани студенти и главната книга на дипломирани студенти (Службен весник на Р.Македонија бр.102/18),
Бизнис академија Смилевски - БАС, го распишува следиов
К О Н К У Р С
за трансфер на кредити и запишување на студенти на прв и втор циклус на студии во студиската 2018/2019 година
Право на трансфер на кредити имаат:
- Студентите кои истовремено студираат на повеќе студиски програми од различни специјалности и изучуваат дополнителни курсеви;
- Студентите кои ги продолжуваат студиите на друга високообразовна установа, доколку високообразовната установа на која биле запишани престане да работи;
- Студентите кои побрзо напредуваат во студиите;
- Студентите кои преминуваат од една на друга високообразовна установа, односно од едни на други студиски програми и насоки или во иста високообразовна установа и притоа ги користат погодностите на кредит системот;
- Студентите кои ги продолжуваат студиите што ги прекинале под услови утврдени со Статутот на БАС;
- Странски студенти;
- Студенти кои од оправдани причини не успеале да се запишат при првиот термин на затворање на матичната книга на запишани студенти (Оправдани причини: болест, за што студентот доставува отпусна листа, односно отпусно писмо од болничко лекување за периодот за времетраење на терминот на запишување; смрт на потесен член на семејството, за што студентот приложува извод од матичната книга на умрените; незавршена постапка за нострификација на свидетелства и дипломи стекнати во странство).
Потребни документи:
- Пријава за упис – може да се добие во БАС или на http://bas.edu.mk/dl/PrijavaPrvCiklus.pdf , http://bas.edu.mk/dl/PrijavaVtorCiklus.pdf ;
- Барање за трансфер на кредити – може да сe добие во БАС;
- Исписница или уверение за положени испити од високообразовната установа од каде што ќе се врши трансферот на кредити;
- Диплома за завршено четиригодишно средно образование (оригинал или копија заверена на нотар);
- Свидетелства од сите класови од средно образование (оригинал или копии заверени на нотар);
- Извод од матичната книга на родените (оригинал или копија заверена на нотар);
- Уверение за државјанство (оригинал или копија заверена на нотар);
- Документ за доказ на оправданите причини за запишување при второто затворање на матичната книга на запишани студенти, доколку студентот се запишува според некои од тие услови;
Доставувањето на документите може да биде лично или по пошта во Скопје (бул. Јане Сандански бр.111/2) или во одделението за дисперзирани студии на БАС во Битола (ул. Херцег нови бр.6).
Рокот за доставување на потребната документација е заклучно со 08.02.2019 година.
Школарината за студирање ќе зависи, односно ќе се намали согласно бројот и вредноста на трансферираните кредити.
Запишувањето на студентите ќе се врши по претходно добиена писмена согласност од страна на Министерството за образование и наука на Р. Македонија.
За сите дополнителни информации може да се обратите на:
Тел: 02/2455-754; 047/225-218
E-mail: bas@bas.edu.mk