Бизнис Академија Смилевски - БАС

Органи и тела на БАС

Собир на основачи

Највисок орган на Академијата. Собирот на основачи го сочинуваат сите основачи на Академијата.


Генерален менаџер

Раководен орган на Академијата. Генералниот менаџер ја претставува и застапува Академијата во земјата и во странство.


Наставнички совет

Стручен орган на Академијата. Наставничкиот совет го сочинуваат избраните професори, вишите предавачи, предавачите, лекторите, вишите лектори што се во редовен работен однос на Академијата и претставници на студентите избрани од страна на студентскиот парламент на Академијата.


Директор на Академијата

Раководен орган на Академијата.


Управа на Академијата

Управен орган на Академијата кој го сочинуваат директорот, генералниот менаџер, раководителот на одделението за дисперзирани студии во Битола, академските администратори и еден член избран од парламентот на студентите.


Стручна административна служба на БАС

Ја сочинуваат деловниот секретар кој е и раководител на оваа служба и референти за студентски прашања.