Школа за надзорници

Едногодишна програма за НАДЗОРНИЧКИ МЕНАЏМЕНТ

Едногодишната програма за надзорнички менаџмент е креирана за македонските компании кои имаат потреба од професионално обучени линиски менаџери и супервизори во своите оддели. Оваа едногодишна програма е во обем од 60 ЕКТС и со нејзиното завршување, кандидатот се стекнува со Сертификат за надзорнички менаџмент. Во сертификатот се наведуваат предметите и стекнатите ЕКТС од програмата. Наставата се изведува во попладневните часови во текот на работната недела во обем од пет наставни средби по предмет. Доколку кандидатот одлучи да ги продолжи студиите, кредитите стекнати со овој сертификат можат да бидат трансферирани како дел од студиската програма по Оперативен менаџмент на Бизнис академија Смилевски - БАС.

Оваа програма се состои од следните акредитирани предмети:

  • Вовед во бизнис
  • Основи на менаџмент
  • Личен менаџмент
  • Компјутерска писменост 1
  • Надзорнички менаџмент
  • Деловни финансии
  • Менаџерски информациони системи
  • Оперативен менаџмент 1
  • Организациско комуницирање
  • Иновации и интрапретприемаштво
  • Практикум по Оперативен менаџмент

ЦЕНА НА ЕДНОГОДИШНАТА ПРОГРАМА ЗА НАДЗОРНИЧКИ МЕНАЏМЕНТ

1750€ (25€ по ЕКТС)