Професионална ориентација

Откријте ги своите кариерни афинитети и предиспозиции за професионална работа!

Тестирањето за професионална ориентација се врши со анализа на резултатите од два прашалници: Маерс-Бригсовиот индикатор на типови – MBTI и Мултипла интелигенција на Д-р. Хауард Гарднер.

Резултатите од тестирањето ги утврдуваат преференците и предиспозициите на личноста со кои се стеснува изборот на професии и кариерни патеки за кои кандидатот има најголеми изгледи да постигне висок успех, а со тоа и поголемо задоволство во работата.

По утврдувањето на вистинскиот тип на личност и степенот на развиеност на 7-те видови интелигенција, кандидатот се обучува за разбирање и толкување на резултатите и нивно понатамошно користење во изборот на најсоодветна студиска програма и професионална кариера.

Кандидатот добива писмени и усни осврти за својот тип на личноста, типичните кариерни патеки, како и писмен преглед на развиеноста на секоја од седумте интелигенции со насоки за нивно понатамошно развивање.

Времетраењето на средбата е 3 часа.

Цена: 3000 денари

Закажете го својот термин за тестирање веднаш!